Кадрифаково
село во Општина Свети Николе From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кадрифаково — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во источниот дел на областа Овче Поле, оддалечено 12,5 километри југоисточно од Свети Николе и на 15 километри западно од Штип.
Историја
- Кадрифаковски масакр - колеж извршен од страна на ВМРО врз колонизираното српско население на 16 јануари 1923 година
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кадрифаково живееле 50 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кадрифаково имало 40 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Кадрифаково живеат 163 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 150 жители, од кои 146 Македонци, 1 Србин и 3 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
Кадрифаково е македонско село.
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се:
Доселеници:
- Од разни села во Овче Поле: Машевци (3 к.) доселени се во 1941 година од селото Немањици; Петровци (1 к.) доселени се од селото Криви Дол во 1941 година; Тренчевци (1 к.), Бучуковци (1 к.) и Мушевци (1 к.) доселени се во 1941 и 1944 година од селото Преод.
- Од Барбарево се: Коцевци (2 к.), Апостоловци (1 к.), Јосевци (1 к.), Крстевци (1 к.), Пенчевци (1 к.), Ѓоргевци (1 к.), Сарафиновци (1 к.), Дончевци (1 к.) и Ефремовци (1 к.) сите доселени во 1944 година.
- Од Кратовско се: Цветановци (1 к.), Ефремовци (3 к.), Денковци (1 к.), Ѓерасимовци (1 к.) и Стаменковци (1 к.) доселени се од селото Нежилово, доселени во 1941 и 1944 година; Златановци (1 к.), Филиповци (1 к.) и Јаначковци (1 к.) доселени се во 1956 и 1957 година од селото Куново; Ѓоргијевци (1 к.) доселени се од селото Мушково во 1942 година.
- Од Кривопаланечко се: Петровци (1 к.) доселени се од селото Жидилово во 1941 година; Вучевци (1 к.) и Балкански (1 к.) доселени се од селото Трново во 1942 година; Милковци (2 к.) доселени се од некое кривопаланечко село во 1956 година.[10]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1700 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 141 гласач.[12]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Александар Спасов - основоположник и носител на информатичка споменица
Култура и спорт
Иселеништво
Во ова село живеело разно население. Сепак најстари и најбројни биле Македонците. До 1912 година во ова село живееле следните македонски родови. Ѓоргеви, Петрушеви, Ристови, Василкови, Коцеви, Трајчеви и Илиеви. Но тие се иселиле од селото. Ѓоргеви заминале во Амзабегово. Петрушеви во Ерџелија и Скопје. Василкови во Мустафино. Во 1946/47 година во селото биле населени околу 70 семејства на Македонци од Егејска Македонија. Но тие после 1950 година почнале да се иселуваат во Штип и Велес.
Во 1922 година на местото на раселеното население се доселиле колонисти од Црна Гора, Босна, Далмација, околината на Пирот и Крагуевац. Тие брзо нараснале во селото, и го промениле името на селото во Олујиќ. Некои од колонистичките семејства се викале Антоније Милковиќ (од околината на Крагуевац), Никола Бабиќ, Саво Родиќ (од Далмација), Миле Десница, Петар Вучковиќ, Тодор Осоченко, Мичо Костиќ (од околината на Пирот). Во текот на Втората светска војна кога завладеале Бугарите со овој крај тие ги иселиле колонистите, со исклучок на тие од пиротско. Но потоа и тие заминале од селото. Потомците на колонистите денес живеат претежно во Војводина, во Рума.
Од селото е иселено и турското население кое живеело во селото.[10]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads