Делисинци
село во Општина Свети Николе From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Делисинци — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Делисинци имало 90 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Делисинци имало 88 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 9 жители, сите Власи.[5]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, селото има 2 жители, сите Власи.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Родови
Делисинци е влашко село, а порано било и македонско.
Според истражувањата од 1958 година родови во селото биле:
- Македонски: Опутарци (4 к.) најстар род во селото, овде живеат од турско време, подалечното потекло им е непознато; Ристо Коле (3 к.), Пане Риба (1 к.), Дане Ване (2 к.), Лазаровци (1 к.) и Ване Даче (1 к.) сите се доселени после Првата светска војна од селото Богословец.
- Влашки: Гудо (1 к.), Мишо (2 к.), Костовци (1 к.), Штерјо (1 к.), Димовци (1 к.), Атанасовци (1 к.), Ѓоргевци (1 к.) и Костовци 2 (1 к.) првиот род е доселен од селото Ново Село (Велешко), вториот род е доселен од Оморани, третиот, четвртиот и петтиот од Степанци, шестиот е доселен од селото Јакимово, седмиот од Лепопелци, а осмиот од Бучиште. Сите родови се доселени во периодот 1956-57 година.[7]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1701 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште во Амзабегово. Во избирачко место се опфатени населените места: Делисинци Амзабегово и Богословец.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 395 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Градиште — градиште од старомакедонско и римско време
- Д’лга Ричка — средновековна населба и некропола
- Сред Село — осамен наод од римско време
- Ќунче — населба од римско време
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Од Македонците се знае за следните иселеници. Петреви во 1918 година се иселиле во селото Сарамзалино. Орданови во 1935 година се иселиле во Ѓуземелци. Во периодот од 1956/57 година од селото се иселиле 9 семејства во Скопје (7 семејства), Штип (1 семејство) и во Велес (1 семејство). Тие иселеници биле доселени после Првата светска војна од селото Богословец.[7]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads