Јенс Јеремис
германски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јенс Јеремис (роден на 5 март 1974 година, во Герлиц) — поранешен германски фудбалер, играч од средниот ред.
Remove ads
Кариера
Клупска кариера
Јеремис започнал да игра фудбал во 1980, во младинскиот сектор на локалниот клуб Мотор Герлиц. Во 1986 се префрлил во Динамо Дрезден, каде во осум години ги поминал сите младински категории и го направил своето деби за првиот тим во Бундеслигата на 1 април 1995, во поразот со 3-1 од Минхен 1860. Токму Минхен 1860 станал неговиот следен клуб во кариерата, откако Динамо Дрезден претрпел испаѓање од елитата во сезоната 1994-95 и морале да го пуштат младиот играч од средниот ред да му се приклучил на синиот клуб од Минхен во летото 1995 година. Во Минхен 1860, Јеремис одиграл три одлични сезони во кој бил стандарден првотимец, развивајќи се во квалитетен играч. Тоа го приметил и градскиот соперник, Бајерн Минхен кој успеал да го доведе во својот тим во 1998, а воедно тоа ќе биде и клубот за кој играл до крајот на кариерата.
Сите негови успеси во клупската кариера дошле имено со Баерн, вклучувајќи и шест национални првенства (1998-1999, 1999-2000, 2000-2001, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006), четири Купа на Германија (1999-2000, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006), Лигата на шампионите во сезоната 2000-2001 и Интерконтиненталниот куп во 2001 година.
Последниот натпревар во кариерата го одиграл на 13 мај 2006, во кој Бајерн на домашен терен одиграл 3-3 против Борусија Дортмунд,[1] по што ја завршил кариерата на возраст од 32 години.
Репрезентативна кариера
Својот прв настап во дресот на германската репрезентација Јеремис го имал на 15 ноември 1997, во пријателски натпревар со Јужна Африка. Тој бил повикан и настапувал за германската репрезентација на Светското првенство 1998, при што германскиот комичар Харалд Шмит го нарекол Јенс Јереналдо. Иако бил регистриран за настап на Евро 2000, подоцна бил отстранет поради тоа што го нарекол селекторот Ерих Рибек "патетичен". Сепак, Јеремис подоцна бил вратен во репрезентацијата и учествувал на Светското првенство во 2002. Тој се повлекол од репрезентативниот фудбал по завршувањето на Евро 2004 со цел да се концентрира на кариерата во Бајерн Минхен.
Remove ads
Титули
Бајерн Минхен
Бундеслига : 1998-1999, 1999-2000, 2000-2001, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006
Куп на Германија : 1999-2000, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006
- Лига куп на Германија : 1998, 1999, 2000, 2004
Лига на шампиони : 2000–2001
- Интерконтинентален куп : 2001
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads