Јокохама
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јокохама (јапонски: 横浜市) — град во Јапонија и перфектурата Канагва во Токискиот Залив. Според пописот на населението од 2005 година во градот живееле 3,579,133 жители. Тој е втор град по големина во Јапонија (по Токио) според бројот на населението. Најголемо пристаниште и голем индустриски центар на Јапонија. Јокохама скоро е споен со Токио.
Remove ads
Географија

Се наоѓа во регијата Канто и перфектурата Канагва. Се наоѓа на западната страна на Токискиот Залив, 30 километри од Токио, со кој е повржан со бројни пруги и автопати. Многу жители на Јокохама работат во Токио и се забавуваат таму, а само спијат во Јокохама. Токио, Јокохама и Кавасаки сочинуваат еден мегаполис.
Во близина на градот реката Цуруми се влева во моерто.
Во Јокохама се наоѓа и Ландмарк кулата, што претставува највисока зграда во Јапонија, висока 296 метри.
Клима
Климата е доста пријатна со оглед на близина на морето. Средната годишна температура се движи меѓу 16 и 17 °C. Средната температура во јануари е 5,6 °C, а во август 26,4 °C. Годишното количество на врнежи изнесува 1,630мм. Најмногу врнежи има во јуни и септември.
Remove ads
Историја

Јокохама бил мал рибарски град, сè до средината на 19 век. Кога Јапонија под американско влијание повторно почналa да се отвора кон светот, Јокохама е изберена како една од неколкуте пристаништа, преку кои ќе оди трговијата со светот. Пристаништето е отворено во 1859 година и брзо станала најзначајно прстаниште за трговија со светот.
Пругата, која ги поврзува Токио и Јокохама изградена е во 1872 година, што овозможува увоз на суровини за едно пошироко подрачје. Растот на јапанската индустрија доведува до просперитет на градот. Јокохама бил најинтернационален град во Јапонија.
Големиот Канто земјотрес од 1923 година разурнал поголем дел од градот. Со американските бомбардирања добар дел од градот е запален и уништен. Во текот на американската окупација, Јокохама била најголемата транспортна база за снабдување на трупите, а посебно во текот на Корејската војна. По окупацијата поголемиот дел од американската поморска активност е преселена во Јокосука.
Remove ads
Население
Според проценките од пописот во 2005 година, во градот живееле 3,579,133 жители.
Индустрија
Во Јокохама индустријата е доста развиена. Посебно се истакнуваат индустриите за челик, машинската, електроиндустријата и елекротехничката, индустрија за превозни средства, биотехнолошка, полупроводничка, хемиска, текстилна и прехранбена. Во градот исто така е развиена бродоградбата, а постои и рафинерија. Претпријатието „Нисан“ има седиште во Јокохама.
Спорт
Во градот се наоѓа фудбалскиот стадиот Јокохама Мариноса, најголем стадион во Јапонија, изграден во октомври 1997 година. На овој стадиот е одигран финалниот натпревар на Светско првенство во фудбал 2002 година. Во Финалето на 30 јуни се сретнале репрезентациите на Германија и Бразил (0:2). Претпријатието „Нисан“ е главен покровител, па така стадионот е преименуван во Стадион Нисан на 1 март 2005 година.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads