Јордан Пенџерковски
македонски-југословенски геолог From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јордан Пенџерковски (Битола, 10 септември 1925 – Скопје, 1981) — македонски-југословенски геолог.
Животопис
Основно и средно образование завршил во родното место. Дипломирал во 1952 година, на Групата за геологија на ПМФ при Универзитетот во Белград. По дипломирањето се вработил во Геолошкиот завод на РМ, во Институтот за истражување минерални суровини. Во меѓувреме, во 1965 година, докторирал на Рударско-геолошкиот факултет во Белград на темата „Геолошки состав и тектонски склоп на централниот дел на Осоговските планини со осврт на појавите на Пб-Зн на подрачјето Саса-Тораница”. Долго работел на Геолошкиот завод на РМ во Скопје како научен советник. Во 1977 година, се вработил на Географскиот факултет како вонреден професор по предметите геологија со петрографија и историска геологија. Автор е на голем број трудови од областа на геологијата. Особено се истакнува како автор на Геолошката карта на РМ во размер 1:200000. Починал во 1981 година во Скопје.[1]
Remove ads
Поврзано
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads