Петар С. Јовановиќ
српски и југословенски географ From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петар С. Јовановиќ (Добрача, Србија 10 март 1893 – Белград, 15 ноември 1957) ― географ, геоморфолог, антропогеограф, основач на Катедрата за географија и Географскиот институт во Скопје, и професор.
Remove ads
Животопис
Петар С. Јовановиќ роден е на 10 март 1893 година во селото Добрача, Србија. Основно училиште завршил во селата Рамаќи и Добрача (1900-1904), а гимназија во Крагуевац (1904-1912). На Филозофскиот факултет во Белград се запишал во 1912 година, но поради Балканските војни и Првата светска војна имал прекини во студиите. Студирал во Рим, Фиренца, Париз и Белград. Дипломирал на физичко-географската група на Филозофскиот факултет во Белград во јуни 1920 година. Докторирал на истиот факултет, на 7 мај 1922 година. Од 1919 година бил асистент на Јован Цвииќ.[1]
По одбраната на докторатот во 1922 година, бил избран за доцент на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што ја основал Катедрата за географија и Географскиот институт. Во 1925 година, бил унапреден во вонреден, а во 1932 година, во звањето редовен професор. Во мај 1941 година, го напуштил Скопје и заминал за Белград. Од ноември 1944 година, работел како редовен професор по географија на Филозофскиот факултет во Белград. Во 1948 година, бил избран за академик. Бил управник на Географскиот институт на САНУ.[1]
Додека престојувал во Македонија, тој вршел истражувања во Скопската Котлина, бил претседател на Географското друштво во Скопје од 1926-1941 година, уредник на Гласникот на Скопското научно друштво-природно одделение и други. Автор е на повеќе научни трудови од геоморфологија, хидрологија, антропогеографија и регионална географија. Починал на 15 ноември 1957 година во Белград.[1]
Remove ads
Поврзано
Remove ads
Наводи
Дополнителна книжевност
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads