Јуриј Вега

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јуриј Вега
Remove ads

Барон Јуриј Бартоломеј Вега (исто така Веха; роден Веховец, 23 март 1754 26 септември 1802 година) бил словенечки математичар, физичар и артилериски офицер.

Кратки факти Јуриј Вега, Роден(а) ...
Remove ads

Ран живот

Thumb
Родното место на Јуриј Вега
Thumb
Плакета на куќата

Роден во семејство на земјоделец во малото село Загорица источно од Љубљана во Словенија, Вега имал 6 години кога починал татко му, Јернеј Веха. Вега најпрво бил школуван во Моравче, и подоцна одел во средно училиште шест години (1767–1773) во језуитскиот колеџ во Љубљана, каде учел латински, грчки, религија, германски, историја, географија, наука и математика. Во тоа време таму имало околу 500 студенти. Бил ученик на Антон Томаж Линхарт, словенечки писател и историчар. Вега завршил со средно училиште кога имал 19 години, во 1773 година. Од кога завршил со неговите студии во Лицејот во Љубљана станал навигациски инженер во 1775 година. Филозофски есеј, список со прашањата за неговото сеопфатно испитување, бил зачуван и е достапен во Математичката библиотека во Љубљана. Проблемите опфаќаат логика, алгебра, метафизика, геометрија, тригонометрија, геодезија, стереометрија, геометрија на криви, балистика и општа и специјална физика.

Remove ads

Воена служба

Вега ја напуштил Љубљана пет години по неговото дипломирање и стапил во воена служба во 1780 година како професор по математика во Артилериското училиште во Виена. Во тоа време тој започнал да се потпишува како Вега, наместо Веха. Кога Вега имал 33 години, се оженил со Јозефа Свобода (1771 1800), чешка благородничка од Ческе Будјовице, која во тоа време имала 16 години.

Вега бил дел од неколку војни. Во 1788 година служел под австрискиот царски фелдмаршал Ернст Гидеон фон Лаудон (1717 1790) во поход против Турците во Белград. Неговата команда со неколку минофрлачки батерии значително придонела за падот на белградската тврдина. Помеѓу 1793 и 1797 година тој се борел против француските револуционери под команда на австрискиот генерал Дагоберт-Зигизмонд де Вурмсер (1724–1797) со европската коалиција на австриската страна. Се борел во Форт Луис, Манхајм, Мајнц, Висбаден, Кел и Диц. Во 1795 година имал два 14 килограми минофрлачи, со конусно издупчени основи и поголемо полнење, за опсег на стрелање до 3000 метри. Старите 27 килограмски минофрлачи имале дострел од само 1800 метри.

Во септември 1802 година, Вега бил пријавен за исчезнат. По неколкудневна потрага, неговото тело било пронајдено. Во полицискиот извештај било констатирано дека неговата смрт бил несреќен случај. Се верува дека тој починал на 26 септември 1802 година во Нусдорф на Дунав, во близина на главниот град на Австрија, Виена.

Remove ads

Математички достигнувања

Thumb
„Tabula logarithmorum vulgarium“, 1797 година

Вега објавил серија книги со логаритамски табели. Првата била објавена во 1783 година. Многу подоцна, во 1797 година, следел вториот том кој содржел збирка интеграли и други корисни формули. Неговиот Прирачник, кој првично бил објавен во 1793 година, подоцна бил преведен на неколку јазици и се појавил во над 100 изданија. Неговото главно дело било Ризница на сите логаритми што за прв пат било објавено во 1794 година во Лајпциг (неговото 90-то издание било објавено во 1924 година). Таа математичка табела всушност се базирала на табелите на Адријан Влак, но корегирала многу грешки и ги проширила логаритмите на тригонометриските функции за малите агли. Инженерот Франк Алмер, почесен сенатор на Технолошкиот универзитет во Грац, ги пронашол логаритамските табели на Вега со 10 децимални места во Музејот на Карл Фридрих Гаус во Гетинген. Гаус често го користел ова дело и во него имал напишано неколку пресметки. Гаус открил и некои од грешките во пресметките на Вега во опсегот на броеви, од кои имало повеќе од милион. Во Кралската опсерваторија во Единбург се наоѓа копија од Тезаурусот на Вега, кој припаѓа на приватната колекција на познатиот британски математичар и компјутерски пионер Чарлс Бебиџ (1791–1871).

Со текот на годините, Вега напишл учебник во четири тома Предавања за математика.[2] Том I се појавил во 1782 година кога тој имал 28 години, том II во 1784 година, том III во 1788 година и том IV во 1800 година. Неговите учебници содржеле и интересни табели: на пример, во Том II може да се најдат точни тригонометриски вредности, напишани во форма со која лесно се работи.

Вега напишал најмалку шест научни трудови. На 20 август 1789 година, Вега постигнал светски рекорд кога пресметал пи на 140 места, од кои првите 126 биле точни.[3] Таа пресметка тој ја предложил на Руската академија на науките во Санкт Петербург во брошурата Петтата дискусија, каде што со неговиот пресметковен метод нашол грешка на 113-то место од проценката на Томас Фантет де Лањи (1660 1734) од 1719 од 12 места. Вега го задржал својот рекорд 52 години до 1841 година и неговиот метод се споменува и денес. Неговата статија била објавена од страна на академијата дури шест години подоцна, во 1795 година. Вега ја подобрил формулата напишана од Џон Мачин од 1706 година:

со неговата формула, која е еднаква на Ојлеровата формула од 1755 година:

и која се конвергира побрзо од формулата на Махин. Тој си го проверил својот резултат со сличната формула на Хатон:[4]

Тој само еднаш го развил вториот мандат во серијата.

Иако тoj работел по предметите како балистика, физика и астрономија, неговиот најголем придонес бил во математиката од втората половина на 18 век.

Во 1781 година, Вега пробал да ја поттикне својата идеја во австриската хабсбуршка монархија за употребата на децималниот метрички систем на единици. Неговата идеја не била прифатена, но подоцна била воведена за време на императорот Франц Јозеф I во 1871 година.

Вега бил дел од Академијата за практични науки во Мајнц, на Физичко-математичкото друштво во Ерфурт, на Боемското научно друштво во Прага и на Пруската академија на науките во Берлин. Исто така бил и придружна членка на Британското научно друштво во Гетинген. Тој бил одликуван со Орденот на Марија Тереза на 11 мај 1796 година. Во 1800 година, Вега ја освоил титулата "наследен барон" вклучувајќи го и правото на свој грб.

Remove ads

Наследство

Гимназија Јурија Веге)во Идрија била основана во 1901 година како прва словенечка реална школа. Во 1935 година, Вега (кратерот) на Месечината го добила името по Вега. Народната банка на Словенија пуштила во оптек банкнота од 50 толари во негова чест во март 1993 година,[5] и Словенечката пошта издала марка во чест на Вега во 1994 година. Во 2004 година Словенија издала монети по повод неговиот 250-ти роденден.[6] Астероидот 14966 Јуријвега, кој бил откриен на 30 јули 1997 година, го носи неговото име. Словенечкото астрономско друштво Вега[7] било именувано по Јуриј Вега и по ѕвездата Вега. Ѕвездата, сепак, не го носи името на Јуриј Вега и нејзиното име било многу постаро. Бесплатна библиотека за физика со отворен код за симулација на 3Д деформабилни објекти, Вега ФЕМ, исто така била именувана по Вега.

Remove ads

Научна генеалогија

Исто така, Вега бил забележлив како учител и академски советник на Игназ Линднер, што резултирало со многу забележителна научна генеалогија (види Академска генеалогија на теоретски физичари: Јуриј Вега).

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads