Љупчо Јордановски
Политичар од Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Љупчо Јордановски (13 февруари 1953 , Штип — 7 октомври 2010 , Скопје, Македонија[1]) — македонски политичар, професор и сеизмолог, претседател на Партијата на слободни демократи и поранешен претседател на Собранието на Република Македонија.
Бил оженет и татко на три деца. Во 1975 станал дипломиран електротехнички инженер на Електротехнички факултет при Загребскиот универзитет. Докторирал на Универзитетот Јужна Калифорнија во САД во 1985. Беше активен на политичката сцена во 2000-тите.
Remove ads
Академски звања
- 1998 — 2003: редовен професор при Сеизмолошката опсерваторија, Институт за физика на Природно-математичкиот факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“
- 1995 — 1999: редовен професор на Рударско-металуршкиот факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ — Штип
- 1992 — 1995: вонреден професор при Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети Кирил и Методиј" — Скопје.
- 1987 — 1992: доцент при Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Универзитет "Свети Кирил и Методиј" — Скопје
- 1978 — 1987: асистент при ИЗИИС — Скопје
- 1982 — 1985: асистент на Катедрата за градежништво на Универзитетот на Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија
Remove ads
Политички ангажмани
- 1991 — 1995: Член на Претседателството на СДСМ
- 1995 — 1999: Член на Централниот одбор на СДСМ
- 1999 — 2003: Член на Претседателството на СДСМ и на Меѓународниот комитет на СДСМ
- 2002: Пратеник и претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
- 2003: Претседател на Собранието на Република Македонија
- 7 март 2004 — 12 мај 2004: Вршител на функција Претседател на Република Македонија.
- април 2006 — декември 2006: амбасадор на Република Македонија во САД
- 21 октомври 2007 — претседател на Партијата на слободни демократи
Remove ads
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads