Никола Поповски

Политичар од Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Никола Поповски (роден на 24 мај 1962 година во Скопје) — македонски политичар.

Кратки факти Никола Поповски, V Претседател на Собранието ...
Remove ads

Животопис

Никола Поповски дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на тема „Економски основи на информациското општество”.

Од 1992 до 2002 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија, координатор на пратеничката група на СДСМ, член на Парламентарното собрание на Советот на Европа и член на повеќе комисии во Собранието на Советот на Европа во Стразбур. Во 1993 година е шеф на македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, претседател на собраниските комисии за надворешна политика, екологија, млади и спорт и за финансирање и буџет.

Од 3 октомври 2002 до 7 ноември 2003 година ја вршел функцијата претседател на Македонското собрание. На 7 ноември 2003 година станал министер за финансии во тогашната влада на Бранко Црвенковски. По парламентарните избори во 2006 година бил избран за пратеник во Собранието и на таа функција останал до предвремените парламентарни избори во 2008 година.[1]

Од февруари 2009 година работел на Европскиот универзитет во Скопје како професор по предметот Економија на развојот и Здравствено и социјално осигурување.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads