Ќојлија
село во Општина Петровец From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ќојлија — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.
Remove ads
Географија и местоположба
Ќојлија се наоѓа во областа Блатија, во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Петровец. Селото брои околу 400 жители, се наоѓа на надморска височина од 230 метри и од градот Скопје е оддалечено 16 километри.Ќојлија денес е мешано муслиманско село, албанско-бошњачко, но во минатото било православно-муслиманско со македонско и турско население.
Историја
Подрачјето на Ќојлија е населено уште во римско време, за што сведочи наоѓалиштето Селиште.[2]
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било заведено под името Ќојлиџе и имало мешано христијанско[3] и муслиманско[4] население, каде имало 29 христијански и 6 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 86 мажи христијани, со 10 новороденчиња и 21 мажи муслимани со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 250 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 254 жители.[5]
На крајот од XIX век Ќојлија било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ќојли живееле 78 Македонци-христијани и 24 Турци.[6][7]
На почетокот од XX век целото христијанско население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ќојлија имало 120 Македонци под егзархијата.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 25 до 50 Турци.[9]
Remove ads
Население
Во минатото селото било населено со Турци кои се иселиле во Турција во текот на педесеттите и шеесеттите години на XX век.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 400 жители, од кои 215 Бошњаци, 179 Албанци, 2 Македонци, 1 Ром и само 3 останати.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 183 жители, од кои 6 Македонци, 92 Албанци, 27 Роми, 42 Бошњаци, 6 останати и 10 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
Ќојлија денес е мешано муслиманско село, албанско-бошњачко, но во минатото било православно-муслиманско со македонско и турско население.
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото биле:
Македонски
- Доселеници: Колевци (7 к.), Кузмановци (5 к.) и Богдановци (4 к.) потекнуваат од заеднички предок кој се викал Креме. Тој се доселил во селото од прилепско. Тука Креме добил земја и се населил пред повеќе од 280 години. Тој имал тројца синови Петко, Богдан и Ѓорго; Ѓорговци (11 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Миладиновци. И таму биле доселени однекаде. Домазетот влегол во изумрениот по машка линија род Ѓорговци (еден од синовите на Креме); Чачанковци (3 к.) доселени биле од селото Морани; Шоповци (2 к.) доселени се од кумановското село Орашац. Овде се доселиле браќата Веселин и Каравилко. Го знаат следниот родослов: Саздо (жив на 66 год. во 1953 година) Стојан-Мице-Веселин, кој се доселил во брат му; Трајкови или Клинчаровци (1 к.) доселени биле од селото Миладиновци, и таму биле доселени однекаде.
Турски
- Доселеници: Исмаиловци (2 к.) биле најстар турски род во селото. Овде живееле од првата половина на 19 век. Потеклото им е од Мала Азија. Не се знае каде живееле пред да се населат во селото; Дураковци (4 к.) доселени биле од селото Миладиновци. Потекнувале од предокот Мустафа, Го знаеле следниот родослов: Таир (жив на 50 год. во 1953 година) Асан-Дурак-Мустафа, кој се доселил од соседното Миладиновци. Припаѓале на групата Коњари: Сулејмановци (6 к.) доселени биле од велешкото село Иванковци. Таму имале роднини, по потекло биле Јуруци. Го знаеле следното родословие: Муарем (жив на 50 год. во 1953 година) Ајдин-Алил, кој се доселил во селото; Ујлија (1 к.) они потекнувале од предок Албанец, кој се доселил од селото Чифлик, овде се оженил со Турчинка и во куќата се говори турски. Во Чифлик овој род припаѓал на истоимениот род, кој бил по потекло од фисот Бериша во северна Албанија.[16]
Remove ads
Иселеништво
Македонското и турското население е иселено во Скопје, Турција и некои околни села (посебно македонското население).[16]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[2]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads