Адријано Малори

италијански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Адријано Малори
Remove ads

Адријано Малори (италијански: Adriano Malori; р. 28 јануари 1988 во Парма) — поранешен италијански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2010-2017.[1]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads

Кариера

Тој бил последен возач на Тур де Франс 2010, завршувајќи скоро четири и пол часови зад победникот Енди Шлек (Леопард Трек).

Возејќи за екипата Лампре-Мерида од август 2009, Малори ја напуштил екипата на крајот на сезоната 2013[2] и му се приклучил на Мовистар Тим.[3] Го освоил завршниот поединечен хронометар на Вуелта а Еспања 2014.[4]

На 23 јануари 2016 година, на Тур де Сан Луис, Малори доживеал тежок пад предводејќи ја групата. Неговото предно тркало зафатило во пукнатина на патот и прелетал преку неговиот велосипед, паѓајќи на глава. Бил ставен во вештачка кома.[5] Три дена подоцна бил преместен во специјална клиника во Буенос Аирес. Извештаите наведувале дека докторите пронашле дека повредата на главата не била последица, туку причина за падот, наведувајќи можна аневризма.[6] Меѓутоа, екипата ги демантирала тие извештаи, велејќи дека оштетувањето на патот биле причина за падот.[7] Во август, Малори објавил дека ќе се врати на трките следниот месец на ГП Квебек и Монтреал.[8]

Малори го најавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам на 10 јули 2017 година поради повреда.[1]

Remove ads

Достигнувања

2007
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
5. Светско хронометарско првенство под 23 години
2008
1. Светско хронометарско првенство
1. Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Хроно Шампеноа
2009
1. Хроно Шампеноа
1. Етапа 1 (ITT) Џиро дела Вале д’Аоста
2. Национално хронометарско првенство под 23 години
4. Светско хронометарско првенство
2010
2. Краен пласман Трка околу Баварија
3. Национални хронометарско првенство
2011
1. Национално хронометарско првенство
5. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 4 (ITT)
2012
2. Национално хронометарско првенство
10. Светско хронометарско првенство
2013
1. Краен пласман Трка околу Баварија
1. Етапа 4 (ITT)
1. Етапа 4 (ITT) Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
3. Национално хронометарско првенство
8. Светско хронометарско првенство
2014
1. Национално хронометарско првенство
1. Етапа 5 (ITT) Тур де Сан Луис
1. Етапа 7 (ITT) Тирено-Адријатико
1. Етапа 3 Рут ду Суд
Вуелта а Еспања
1. Етапа 21 (ITT)
Награда за борбеност на етапа 21 (ITT)
7. Краен пласман Дубаи Тур
2015
1. Национално хронометарско првенство
1. Етапа 5 (ITT) Тур де Сан Луис
1. Етапа 1 (ITT) Тирено-Адријатико
1. Етапа 2б (ITT) Сиркут де ла Сарт
2. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
1. Етапа 4 (ITT)
2. Светско хронометарско првенство
3. Светско првенство во екипен хронометар
7. Хроно де Насионс
1. Екипен пласман Тур де Франс

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads