Тирено-Адријатико 2015

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тирено-Адријатико 2015
Remove ads

Тирено-Адријатико 2015 — 50. издание на велосипедската етапна трка Тирено-Адријатико. Се одржала од 11 до 17 март и била трета трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2] Трката била една од најважните трки во првиот дел на велосипедската сезона и била користена од возачите за подготовка на големите трки и на класиците.

Кратки факти Детали за трката, Датум(и) ...
Remove ads

Рутата на изданието во 2015 година започнувала и завршувала со поединечен хронометар, еден од нив пренаменет, откако првично бил замислен како екипен хронометар, но изменето пред започнување на трката. Помеѓу нив, трката се состоела од две етапи погодни за спринтерите, една за експлозивните возачи и две за искачувачите. Клучната етапа на трката била петтата етапа, која завршувала на врвот МОнте Терминило. Бранителот на титулата од 2014 година бил Алберто Контадор (Тинкоф-Саксо), кој се очекувало да биде предизвикан од најсилните етапни возачи, Наиро Кинтана (Мовистар Тим), Винченцо Нибали (Астана) и Крис Фрум (Тим Скај). Меѓутоа, Фрум се повлекол кратко пред трката.

Првиот поединечен хронометар бил освоен од Адријано Малори (Мовистар Тим), кој го одржувал водството на првите две етапи. Грег ван Авермат (Ванти-Груп Гобер) и Ваут Пулс (Тим Скај) ги освоиле следните две етапи, секој преземајќи го водството на трката на еден ден. Кралската етапа до Монте Терминило била освоена од Кинтана, кој го преземал водството и успеал да го зачува до крајот на трката. Бауке Молема (Трек Фактори Рејсинг) завршил втор, 18 секунди зад Кинтана, а Ригоберто Уран (Етикс-Квик Степ) на третото место.

Петер Саган (Тинкоф-Саксо) го освоил бодовниот пласман, откако победил на една етапа и завршил помеѓу првите десет на три други. Планинскиот пласман бил освоен од Карлос Кинтеро (Колумбија), додека Наиро Кинтана го освоил и пласманот и млад возач, покрај генералниот пласман.

Remove ads

Распоред

Повеќе информации Етапа, Датум ...
Remove ads

Екипи

Бидејќи Тирено-Адријатико е настан од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. На пет професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.[3]

Екипи во Светската турнеја биле:

Екипи кои добиле специјални покани биле:

Remove ads

Етапи

Етапа 1

11 март 2015 — Камаиоре, 5,4 км (ITT)

Етапа 2

12 март 2015 — Камаиоре до Кашина, 153 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 3

13 март 2015 — Кашина до Арецо, 203 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 4

14 март 2015 — Арецо до Кастелраимондо, 226 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 5

15 март 2015 — Езанатолја до Монте Терминило, 199 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 6

16 март 2015 — Риети до Порто Сант’Елпидио, 210 км
Повеќе информации Возач, Екипа ...

Етапа 7

17 март 2015 — Сан Бенедето дел Тронто до Сан Бенедето дел Тронто, 10,05 км, (ITT)
Повеќе информации Возач, Екипа ...
Remove ads

Поредок

Имало четири главни пласмани на Тирено-Адтијатико 2015. Првиот и најважниот од сите бил генералниот пласман. Бил пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Временските бонуси биле доделувани на првите тројца на целта на друмските етапи (етапите од 2 до 6): етапниот победник добивал десет секунди, вториот шест и третиот четири секунди. Овие секунди биле доделувани и на првите тројца возачи на средните спринтови (три секунди за победникот на спринтот, две секунди за вториот возач и една секунда за третиот). Предводникот на генералниот пласман ја добивал сината маичка, а победникот на пласманот бил сметан за победник на целата трка.[4]

Вториот пласман бил бодовниот. На секоја етапа на трката, бодовите биле доделувани на првите десет возачи. Победникот добивал 12 бода, вториот возач добивал 10 бода, третиот 8 бода и по еден бод помалку до еден бод за десеттиот возач. Бодовите биле доделувани и за првите четворица возачи на средните спринтови, пет бода за победникот на спринтот и три, два и еден бод за возачите на второто, третото и четвртото место, соодветно. Првично било планирано дека нема да има бодови на првата етапа, бидејќи ќе била екипен хронометар. Меѓутоа, откако била променета во поединечен хронометар биле доделени бодови на етапата во ист сооднос како за средниот спринт. Победникот на бодовниот пласман ја добивал црвената маичка.[5][6]

Третиот пласман бил планинскиот пласман. На секоја од друмските етапи имало категоризирани искачувања. Првите возачи на врвот на искачувањето добивале бодови во планинскиот пласман. На повеќето искачувања, првите четворица возачи освојувале бодови, по пет, три, два и еден бод соодветно. Повеќе бодови се добивале на двете најтешки искачувања на трката. Ова биле на врвот Монте Терминило на петтата етапа и Поџо Сан Ромуалдо на четвртата етапа. На овие искачувања, победникот добил 15 бода во пласманот, а дополнително уште шест возачи добиле бодови. Возачот со најмногу бодови ја добивал зелената маичка.[7]

Последен пласман бил пласманот за млад возач. Овој бил заснован на пресметката на генералниот пласман: највисокиот пласиран возач роден на и по 1 јануари 1990 година бил предводник на пласманот и ја добивал белата маичка.[7]

Remove ads

Наводи

Loading content...

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads