Алдинци
село во Општина Студеничани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Алдинци — целосно раселено село во Општина Студеничани, сместено во областа Торбешија.
- За крушевското село Алданци, видете овде.
Remove ads
Географија и местоположба
Алдинци се наоѓа во областа Торбешија. Селото се наоѓа на горното течение на Кадина Река, на планината Голешница. Оддалечено е 41 километар јужно од Скопје и 35 километри јужно од општинскиот центар Студеничани.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Стопанство
Како планинска населба има мошне голем атар, којшто зафаќа простор од 47 км2. Преовладуваат шумите на површина од 3.463,1 ха, потоа следат пасиштата на површина од 704,4 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 203 ха. Според ваквата аграрна структура, Алдинци има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 3 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 6 мажи муслимани, без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 12 жители.[3]
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 292 жители.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Алдинци живееле 110 жители, сите Албанци[5].[6]
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Горно Количани и има 198 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.[8]
Алдинци, според намалувањето на бројот на населението, преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 373 жители, а во 1994 година 24 жители, сите Албанци.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од само 3 жители, сите Албанци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Алдинци е македонско село населено со Албанци.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото се:
- Доселеници: Соф Караџа (14 к.) доселени се од местото Чаја во северна Албанија. Основачот на родот се викал Јусуф, кој се доселил во селото на почетокот од XIX век; Меролар или Мер-Караџа (27 к.) имаат исто потекло и време на доселување како и претходниот род. Го знаат следното родословие: Мерсељ (жив на 75 г. во 1951 година) Селман-Алил-Меро, кој се доселил во селото.[14]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Кале — градиште / опидум од доцноантичкото време. На 2 км јужно од планинарскиот дом „Караџица“, на рид со височина од 165 м над утоката на Аљагица во Кадина Река, на зарамнето плато со површина од 4 хектара се гледаат остатоци од одбранбен ѕид. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и тубулуси за довод на вода. Северно од градиштето, преку реката се наоѓа подградието на чија површина од околу 3 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.
- Муџица — градиште од доцноантичкото време. На 2,2 км југоисточно од селото и на 1,7 км југоисточно од планинарскиот дом „Караџица“, на највисоката кота од високиот рид обраснат со шума има зарамнета површина која е оградена со ѕид граден од камен, без малтер, чии димензии се 60 × 220 м. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads