Александар Самарџиски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Александар Самарџиски (Смојмирово, 1938 - 2001 ) ― македонски математичар, публицист и универзитетски професор[1].

Животопис

Самарџиски е роден во беровското село Смојмирово во 1938 година. Со исклучок на првите две години, це­ли­от свој работен стаж го поминал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, како асистент и наставник. Основно образование завршил во родното место, а средно во Берово. Во учебната 1957/58 година, тој се запишал на групата за математика на Природно-математичкиот факул­тет во Скопје, каде што дипломирал во 1961 година. Завршил постдипломски сту­­дии по математика на Природно-математичкиот факултет во Белград со одбрана на магистерската работа под наслов "Коначне геометријске структуре". Во текот на 1972/73 година прес­то­јувал 14 месеци на Универ­зитетот во Тибинген, СР Германија, како стипендист на DAAD. На 1 јуни 1974 г. на Природно-математичкиот факул­тет во Скопје ја одбранил докторската дисертација под наслов „За некои класи Штај­нерови системи“. По дипломирањето, во периодот од 1961 до 1964 година (со прекин за отслужување на во­ената обврска), тој работел како професор по математика во гимназијата во Берово, а потоа се вработил како асистент по математика на Природно-математичкиот фа­култет во Скопје. Во јануари 1972 година бил избран за доцент по геометрија, а во истото звање преминал и на новооснованиот Мате­матички факултет. Во 1978 година, тој бил избран за вонреден професор, а во 1984 година, бил избран за редовен про­фесор по геометрија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Од 1968/69 година, како асистент, изведувал настава по елементарна и проективна геометрија. По изборот за доцент, тој изведувал настава по предметите елементарна гео­метрија, проективна геометрија и алгебра (за вонредните студенти од Лесковац). По изборот за вонреден професор изведувал настава по геометриски трансформации, проективна геометрија, теорија на броеви, топологија, практикум, како и еден специјален курс по геометрија (геометрии над алгебри) на последипломските студии во Приштина. Починал во 2001 година.

Remove ads

Библиографија

Стручната и научната работа му е доста богата. Има објавено 19 научни трудови (од кои еден во странство), 3 збирки задачи по алгебра и векторска алгебра, 6 стручни труда, 11 учебници или учебни помагала за средно и високо образование, а бил и раководител на три научни проекти.

Литература

  • ПМФ 1946-2006, монографија; БУ бр. 331/1979.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads