Алија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Алија
Remove ads

Алија (хебрејски: עֲלִיָּה‎ , aliyah „подем“) е имиграција на Евреите од дијаспората во Израелската земја. Дефинирано и како „одење нагоре“, односно кон Ерусалим, односно „правење алија“ со преселување во Израелската земја е едно од најосновните принципи на ционизмот. Спротивната акција, емиграцијата од Израелската земја, на хебрејски се нарекува јерида („спуст“).[1] Законот за враќање на Израел им дава автоматски права на Евреите, нивните деца и нивните внуци во врска со престојот и израелското државјанство.

Thumb
Враќање во Ветената земја.

Во пооголем дел од еврејската историја, повеќето Евреи живееле во дијаспората каде што алија се развил како национален стремеж на еврејскиот народ, иако тој обично не се исполнувал сè до развојот на ционистичкото движење кон крајот на XIX век.[2] Големата имиграција на Евреите во Палестина започнала во 1882 година.[3] Од основањето на Израелската држава во 1948 година, повеќе од 3 милиони Евреи се преселиле во Израел.[4] Според податоците до 2014 година, Израел и соседните територии содржат 42,9% од светското еврејско население.[5]

Remove ads

Значење

Алија е важен еврејски културен концепт и основна компонента на ционизмот. Тој е запишан во израелскиот Закон за враќање, кој дава право на кој било Евреин и подобни не-Евреи (дете и внуче на Евреин, сопруга на Евреин, сопруга на дете на Евреин и сопруг на внуче на Евреин), законско право за помош на имиграција и населување во Израел, како и израелско државјанство. Некој што „прави алија“ се нарекува олех (м.р., мн. олим) или олах (ж.р., мн. олот). Многу религиозни Евреи се залагаат за алија како враќање во Ветената земја и го сметаат за исполнување на Божјото библиско ветување на потомците на хебрејските патријарси Авраам, Исак и Јаков. Моше бен Нахман го вклучува правење алија во неговото набројување на 613 заповеди.[6]

Враќањето во Израелската земја е повторлива тема во еврејските молитви што се читаат секој ден, трипати на ден, а празничните служби на Пасха и Јом Кипур традиционално завршуваат со зборовите „Следната година во Ерусалим“. Бидејќи еврејската лоза може да обезбеди право на израелско државјанство, алијата (враќањето во Израел) има и секуларно и религиозно значење.

Со генерации религиозни Евреи, алија го поврзувале со доаѓањето на еврејскиот Месија. Евреите се молеле да дојде нивниот Месија, кој требало да ја поврати земјата Израел од незнабожечко владеење и да го врати светското еврејство во земјата под халахска теократија.[7]

Историска статистика

Повеќе информации регион/ држава, 1882– 1918 ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads