Хисни Шаќири

Политичар од Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Исни Шаќири (албански: Hisni Shaqiri; Отља, 1 март 1949 ) — македонски политичар, пратеник во Собранието на Република Македонија. За време на Конфликтот во 2001 година, тој бил член на ОНА.

Кратки факти Хисни ШаќириHisni Shaqiri, Прекари ...

Шаќири завршил Филозофски факултет, на отсек историја. Работел како наставник.[1] Во периодот од 1990 до 2001 година, бил пратеник на Собранието на Македонија, од редовите на ДПА.

Кога започнал конфликтот во Македонија, тој јавно се откажал од пратеничката функција и преминал во редовите на ОНА. Во почетокот, тој требало политички да ја претставува ОНА во случај на „преговори“ пред меѓународната јавност со македонските власти, бидејќи другите членови од Главниот штаб на ОНА не биле од Македонија. Во Витина, тој основал група од 30-тина војници и влегол на територијата на Општина Липково[2].

На 24 јули 2001 година, тој бил ставен на македонскиот црн список на граѓани,[3] а на 27 јули, тој бил ставен ѝ на списокот на тогашниот претседател на Соединетите Држави, Џорџ Буш.[4]

По крајот на конфликтот во Македонија, согласно новиот закон за амнестија, бил ослободен кривично[5]. Во 2002 година станал член на Централното претседателство на партијата на Али Ахмети, Демократска унија за интеграција и повторно станал пратеник во Собранието. Во 2005 година, тој ја напуштил ДУИ и основал своја партија, Нови демократски сили.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads