Арапово

село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Араповоmap
Remove ads

Арапово или Арапли (грчки: Νέα Μαγνησία, Неја Магнисија, до 1927 г. Αραπλή, Арапли,[2] до 1952 г. Λαχανόκηπος/Λαχανόκηποι, Лаханокипос/Лаханокипи[3]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци кои денес во него се малцинство.[4]

Кратки факти Арапово Νέα Μαγνησία, Земја ...
Thumb
Македонка од Арапово, цртеж од 1804 г.
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во Солунското Поле во областа Вардарија, на левиот брег на реката Галик. Практично претставува предградие на Солун. Во него е сместен Араповскиот манастир „Пресв. Богородица Скоропослушница“.

Историја

Во Отоманското Царство

Арапово првично било независно село, но потоа било претворено во чифлик во даночниот округ на ливадските пазачи.[5] Жителите одгледувале животни за потребите на османлиската војска. Во XVII век селото имало 8 куќи, а во 1771 г. христијанските жители плаќале 540 аспри данок.[6] Во 1860 г. е изградена црквата „Св. Атанасиј“. На крајот од XIX век Арапово било македонско село во Солунската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Арапли (Araplie) е село со 15 домаќинства сочинети од 58 жители Македонци, а соседното маало Шамли (Chamlié) има 10 жители, исто така Македонци.[7][8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Арапово имало 155 жители Македонци.[7][9] Околу 1900 г. во Арапово се доселиле жители на Балџа и Додулари.[5]

Според Христо Силјанов след Илинденското востание во 1904 г. целото село (Араплија) преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[10] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Араплија (Araplia) имало 200 Македонци, сите под егзархијата.[7][11]

Во 1905 г. во селото имало 78 Македонци, сите под егзархијата.[5]

Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Арапли (Ἀραπλί) е „словенојазично“ село во Солунската митрополија со 75 жители со сопствена национална свест. Меѓутоа, во овој период веќе работела бугарската пропаганда — селото имало едно бугарско училиште со 6 ученици и 1 учител.[12]

Во Грција

Во 1913 г. по Втората балканска војна Арапово влегло во составот на Грција, кога имало 240 жители.[4] Во 1926 г. селото е преименувано во Лаханокипос. Во 1920 г. населението се накачило на 413 жители, од кои некои веќе биле дојденци Во овој период се доведени туркојазични Грци од Мала Азија.[4] Во 1928 г. е заведено како мешано староседелско-дојденско со 329 дојденски семејства сочинети од 1.209 жители.[13] Дел од Македонците (официјално 15 лица) се преселиеле во Бугарија поради теророт врз староседелското население.[4] Во 1952 г. селото е одново преименувано, овојпат во Неја Магнисија, во превод Нова Магнезија.

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Верски објекти

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads