Арахос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Арахос (грчки: Άραχος) — новосоздадено село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на околу еден километар северно од главниот пат што води од градот Солун за градот Бер, 4 километри северозападно од селото Плати, на надморска височина од 10 метри.[2] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 6 квадратни километри.
Сместено е во областа Урумлак, источно од Бер. Во минатото се наоѓало на југоисточниот брег на пресушеното Ениџевардарско Езеро. На север се наоѓаат селата Плугар и Зорбатово, од кои е одделено со реката Колудеј.
Remove ads
Историја
Селото Арахос е целосно нова населба, изградена по извршените мелиорации, односно по исушувањето на Ениџевардарското Блато и по регулацијата на новите корита на реките Вардар и Колудеј. Првично, тука биле сместени главно бегалски семејства од позагрозени села.[2]
Стопанство
Селото е опколено со обработливи површини, бидејќи се наоѓа сред пространо плодно поле, а тие се наводнуваат од системот за наводнување од водите на реката Колудеј. Населението се занимава со земјоделство, произведувајќи многу пченица, пченка, памук, бостан и други земјоделски производи.[2]
Население
Населбата првпат е спомената во пописот од 1940 година со 354 жители, во 1951 година биле попишани 634, во 1961 година 635, во 1971 година 467, во 1981 година 430, а во 1991 година 415 жители.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 487 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 393 жители.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Арахос, во кој е единствено село.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads