Балдовенци

село во Општина Новаци From Wikipedia, the free encyclopedia

Балдовенциmap
Remove ads

Балдовенци — целосно раселено село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Балдовенци се наоѓа во средишниот дел на Општина Новаци и лежи на надморска височина од 690 метри.

Историја

Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[2]

Стопанство

Атарот зафаќа површина од 10,2 км2.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г Балденци имало 185 жители, сите Македонци христијани.[3][4] На почетокот на XX век селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото Балдоенци имало 136 жители, сите Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3][5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Балдоенци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 18 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]

Селото е наполно раселено по 1961 година, кога броело 170 жители, Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Балдовенци немало жители.[8] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Балдовенци е потполно раселено село денес, но во минатото во него живееле Македонци христијани. Сите родови во селото биле доселенички.[13]

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото:

  • Доселеници: Рамнешковци (10 к.), први селски доселеници, старината непозната; Ордевци (5 к.), доселени се после гореспоменатиот род и тие се со непозната старина; Маријовци (2 к.) и Ричковци (1 к.), доселени се од некое село во областа Мариово; Џивкаровци (1 к.) доселени со непозната старина; Кушовци (1 к.) доселени однекаде; Лазаровци (1 к.) основачот на родот бил домазет, дошол од селото Скочивир околу 1918 година; Митревци (1 к.) доселени се од соседното село Тепавци, после 1918 година, таму припаѓале на родот Бојковци, подалечно потекло од некое село во околината на Корча.
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[14]

Иселеништво

Од Балдовенци иселеници има во селото Гнеотино (Јанкуловци, Ванѓел и Лазарови). Од родот Рамнешовци иселеници има во Новаци. Од Кушовци иселеници имало во Битола, каде изумреле.[13]

Иселеништвото било помасовно после 1953 година, денес селото е целосно раселено.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads