Гнеотино

село во Општина Новаци, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Гнеотиноmap
Remove ads

Гнеотино — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Името на селото се поврзува со личното име Гнеота. Се смета дека името го добило по составот на земјиштето, гнеот, што означува тешка, црна, мека каллива земја.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Дел од селото

Селото се наоѓа во јужниот дел на Битолското Поле, во алувијалната рамнина на Црна Река, во западниот дел на територијата на Општина Новаци.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 577 метри. Низ селото поминува регионалниот пат 2340, кој води за битолско Мариово и се движи низ Пелагонија. Од градот Битола е оддалечено 19 километри.[3] Од општинското средиште Новаци е оддалечено 8 километри.[2]

Селото е сместено во источниот дел на Пелагонија, источно од градот Битола.

Гнеотино има слична местоположба како соседното село Рибарци, сместено на граница на Рибарското Блато на запад и рамницата на исток. Поради тоа има идеални услови за земјоделство, риболов и преработка на трска. Селото нема извори со вода за пиење, туку користат бунари ископани на 8-9 метри.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Локма, Лозјата, Ливади, Плочи, Џамојца, Душигуб, Острики, Чалији, Црно Место, Горни Ливади, Садина, Класина, Маринбег, Истего, Рајчејца, Порој, Вратички, Могилица, Бродски Пат, Горни и Долни Чаир и Барутница.[4]

Селото има збиен тип. Одредени делови на селото се состојат од групи на роднински куќи, но ниедна група не е сосем издвоена.[4]

Remove ads

Историја

Месноста Могилица се наоѓа северно од Гнеотино, каде мештаните наоѓале ќерамиди и стари ѕидови. Покрај патот за селото Брод се наоѓа месноста Арапски Гробишта, каде се наоѓаат камења забодени во земјата.[4]

За самото основање на селото нема податоци, а името на селото првпат било споменато во турски документи помеѓу 1650 и 1750 година. Во селото живее македонско население и сите родови потекнуваат од доселеници. Најстар род е Брајановци.[4]

Во отоманскиот период, во селото се наоѓале неколку чифлици.[4]

Во 1947 година била основана Државната коњушница и друштвото „Пелагонија“, поради што три четвртини од атарот на селото биле одземени.[4]

Стопанство

Атарот има средна големина и зафаќа простор од 17,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.441,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 106,1 хектар, додека шумско земјиште нема.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Во селото имало неколку чифлици, кои на самиот крај на турската власт биле во посед на Мамут-бег, Даут-бег, Фаик-бег, Ваќи, Сулејман, Зеќир Шукрија, Муфтија и други, сите од Битола. По 1920 година, земјата не била купувана, а државата им доделила земјиште на новите доселеници.[4]

По 1947 година, на селаните им останале само 200 хектари земја за обработување поради национализацијата.[4]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гнеотино живееле 300 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Гнеотино имало 360 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Селото е мало со намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 274 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 73 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Гнеотино живееле 32 жители, сите Македонци.[8]

Во 2008 година по неофицијални податоци во селото живееле 18 жители.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Гнеотино е македонско село.[4]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1953 година родови во селото се:

  • Доселеници: Брајановци (8 к.), доселени се од селото Бонче кај Прилеп; Врашевци (3 к.), доселени се од селото Сливица; Мијовци (2 к.), доселени се од селото Орехово, го знаат следното родословие: Петко (жив на 70 г. во 1953 година) Ристе-Стојо-Мијо, предокот кој се доселил; Талевци (1 к.), доселени се од селото Гнилеш, го знаат следното родословие: Трипун (жив на 58 г. во 1953 година) Секула-Тале, кој се доселил во селото; Љатовци (1 к.), доселени се од селото Букри (денес раселено); Совичани (2 к.), доселени се од селото Совиќ, таму имаат роднини доселени од селото Чагор (денес во Грција); Ванѓеловци (1 к.) и Јанкуловци (2 к.), доселени се во турско време од Балдовенци, таму припаѓале на родот Рамнешковци; Стојановци (1 к.), потекнуваат од дедо Стојан, кој се доселил од селото Новаци; Лазаровци (1 к.), доселени се во турско време од селото Балдовенци; Митревци (1 к.), доселени се од селото Долно Егри во 30-тите на XX век; Лазаровци (1 к.), доселени се после 1918 година од мијачкото село Гари; Николовци (1 к.), доселени се од селото Врањевци, таму биле староседелци; Николовци (1 к.), Василевци (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Глигоровци (1 к.) и Кутлевци (1 к.), доселени се 1941 година од охридското село Опеница; Петревци (1 к.) и Ѓоргијовци (1 к.), доселени се 1941 година од охридското село Свиништа; Китлевци (1 к.), доселени се 1941 година од охридското село Велестово и Теодосија (1 к.), најмлад род во селото, доселен од кичевското село Душегубица.

Иселеништво

Се знае за следниве иселеници од селото: Гарагаџиња (5 к.) живеат во Дихово; Атанасоски (1 к.), живеат во Кравари; Димовци (2 к.) и Секулоски (1 к.), живеат во Биљаник. Од родот Мијовци има иселеници во Битола. Од родот Талевци има иселеници, по едно семејство во Биљаник и Битола.[4]

Бројот на иселеници од селото изнесува над 250 жители. Иселеничкиот бран се засилил по 1960-тите. Најмногу се иселени во Битола и во прекуокеанските земји.[2]

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Основното училиште во селото

Самоуправа и политика

Во XIX век, Гнеотино било село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел на некогашната Општина Новаци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Новаци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Новаци, во која покрај селото Гнеотино, се наоѓале и селата Балдовенци, Биљаник, Врановци, Горно Агларци, Грумази, Добромири, Долно Агларци, Мегленци, Новаци, Ново Село, Долно Орехово, Паралево, Рибарци, Суводол и Тепавци. Селото било дел од некогашната општина Тепавци во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Балдовенци, Велесело, Гнилеш, Гнеотино, Ново Село и Тепавци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0162 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 32 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[16]
  • Градиште — утврдена населба од железното време.
Цркви[17][18]
Манастири
Remove ads

Редовни настани

Слави[2][4]
  • Свети Никола Летен — главна селска слава

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads