Тепавци
село во Општина Новаци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тепавци (уште познато и како Теповци) — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Remove ads
Географија и местоположба
Тепавци се наоѓа во југоисточниот дел на Битолското Поле, односно јужниот дел на Општина Новаци од левата страна на Црна Река. Селото е ридско на надморска височина од 750 метри, а од градот Битола е оддалечено 23 километри.
Историја

Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тепавци живееле 354 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Тепавци имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тепавци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 38 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, селото брои 25 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 16 Македонци и 1 Албанец.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Тепавци е македонско село.
Според податоците од 1953 година, родови во селото се:
- Доселеници: Мифковци (16 к.), Слабовци (6 к.), Радевци (1 к.), Бојковци (21 к.), Стрезовци (3 к.) и Мајловци (1 к.) потекнуваат од основачите на селото, кои биле 4 браќа, и кои се доселиле во XVIII век од околината на Корча во Албанија. Бојковци се делат на следните гранки Котевци, Димовци, Марковци, Романовци, Сиќировци и Цветковци; Орџановци (4 к.) доселени се однекаде, имаат роднини од Тепавци во Невеска, леринско, денес во Грција; Положановци (2 к.) доселени се од селото Полог.
- Православен ромски род: Неделковци (1 к.) овде живеат од турско време, основачот на родот бил Ковач. Брачни врски одржуваат со православните Роми од другите села.[12]
Remove ads
Општествени установи
- Цркви
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ од XIX век
- Црква „Св. Архангел Михаил“ од поново време
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 166 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект. Во ова избирачко место е опфатено и селото Гнилеш.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Од ова село иселеници има во Велесело (Ќутевци, Петковци и Кочовци), Брод (Велјановци), Долно Оризари (Моријовци), Балдовенци (Митревци), Бач (Тепаски). Околу 5 семејства до 1953 година се иселиле во Битола. Целосно се иселиле Пиперковци во Америка. Биле деленици од родот Бојковци.[12]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads