Балушка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Балушка (грчки: Πολύστυλο, Полистило[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 11 километри северозападно од градот Кавала на надморска височина од 52 метри.
Историја
Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 45 Роми[3].
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Remove ads
Демографија
Во 1928 година во селото биле сместени 49 грчки семејства со 213 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 213 лица, додека во 1940 година селото броело 324 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 446 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 471 жител, во 1971 година имало 408 жители, во 1981 година имало 480 жители, додека во 1991 година имало 449 жители[6]. Денеска, населението на селото е 420 жители според пописот од 2011 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads