Бапчор
Напуштена населба на Грција, Западна Македония From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бапчор (грчки: Βαψώρι, Вапсори; по 1955 г. Ποιμενικό, Пименико[1]) — поранешно село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција. Од селото денес е останата само црквата „Св. Ѓорѓи“.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 15 км североисточно од градот Костур и Костурското Езеро, во историско-географската област Пополе, во падините на Нередска Планина. Лежи на надморска височина од 1.250 м.
Атарот на Бапчор запфаќал површина од 33 км2[2].
Историја
Според месните преданија, Бапчор настанало од жителите на населбите Ровици, Круша и Козјак — најверојатно во средниот век. Своето име селото го добило од зборот бач, односно старешина на бачило[3]. За време на османлиското владеење селото било место каде се криеле ајдутите. Во XVI век селото било дервенџиско. Според Христофор Ѕавела, животот во селото бил особено активен во XV-XVI век[4]. Во XV век во селото имало 87 глави на семејствата[5].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бапчор се состоело од 100 семејства и 310 жители Македонци[3][6]. Во есента на 1876 г селото било нападнато од албански разбојници, но нападот бил одбиен од месните селани[7]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900. Бапчор имало 1080 жители Македонци[3][8].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бапчор се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 170 куќи.[9]
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живееле 1360 Македонци и работело егзархиско училиште[3][10].
Планинската месност Калето кај Бапчор претставувало традиционално место на летни пасишта на Каракачаните, наречени во месниот дијалект саракачани. До Втората светска војна пасиштата во калето се користеле од Каракачани од Берско, Халкидик и од околината на Лариса[11].
Во 1881 г. наставникот Наум Христов од село Неволани, Леринско започнал да предава во месното училиште. Во 1892 г во селото имало македонско училиште, како и црква и црковно-училишна управа[12][13].
Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 г., во селото на 22 август биле убиени Илија Т. Постолов (30 г.), Коста Пеов (25), Тодор Ставрески (50), Киријако Н. Жајков (60), Ѓорѓи Стојчев (50), Гиле Т. Гилев (20), Танас П. Стојчев (50), Ѓорѓи И. Огненев (60), Танас М. Гечов (60), Иван Т. Марковски (60), Дине И. Марковски (30), Јане М. Димов (60), Леко М. Димов (50), Васил Ф. Миленцев (18), Фило М. Кочов (79), Иван М. Кулавсов (60), Колевица Белчева (40), Зисовица Ставреска (70) и Елена Стасева (2).[14] Запалени се и 13 селски куќи[15].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 г. биле евидентирани 1216 жители, додека на пописот од 1920 г., во селото биле евидентирани 959 жители.
Миграцијата на жителите на селото во САД била масовна по крајот на Илинденското востание. Миграцијата продолжила и во текот на двете светски војни. Една од најстарите колонии на Македонците во САД е таа во Форт Вејн, Индијана која била основана од доселеници од Костурско. Во 1912 г. преселениците од Бапчор го основале во Форт Вејн своето благотворно друштво наречено "Вич". Друштвото ги помагало со значителни средства своите соселани во Бапчор. Во 1932 г. дел од емигрантите создале и своја гранка на компанијата и во градот Рочестер, држава Њујорк. Во меѓувреме, во 1921 г. емигрантите од Бапчор учествувале во формирањето на братството Костур во Форт Вејн, кој бил домаќин при формирањето на Македонската патриотска организација во октомври 1922 г.
По крајот на Грчката граѓанска војна, селото целосно се распаднало. Населението на селото било принудено да побегне кон Македонија, додека еден дел заминале кон социјалистичките земји од Источна Европа. Грчките власти по нормализација на состојбата не го обновиле селото, додека пространите и богати пасишта кои биле во сопственост на македонските селани им бил доделен на грчки селани кои биле доселени од Епир. Иако ненаселено, името на некогашното село било преименувано во Пименико, што во македонски превод значи сточарска населба[2].
Од селото денес е останата само црквата „Свети Ѓорѓи“, изградена 1774–5 г. Долго време била напуштена, со заѕидана врата, за да не служи како прибежиште за бесправни преселници од Албанија. Во 2018 г. цркавата е обновена и преосветена од митрополитот Серафим Костурски.
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото броело 839 жители.[16], додека во 1940 година селото броело 854 жители.
Личности
- Ѓорѓи Доневски
- Никола Марковски - револуционер
- Коле Манев - македонски сликар и режисер
- Георги Панчовски
- Атанас Пејков
- Атанас Попниколов (1883 - ?)
- Атанас Јанакиев (1893 - ?)[27]
- Атанас Марковски (1860 - 1934)
- Васил Шамановски
- Васил Цигулевски (? - 1947)[28]
- Георги Доневски
- Георги Консолов (? - 1949)[29]
- Димитар Чембера (1868 - 1931)
- Зисо Попов (Живко Попов) (1882 - 1944)
- Иван Трифонов (1893 - ?)
- Илија Атанасов[30]
- Коста Танасов Манов (1914 - ?)[31]
- Наум Гркинов (1900 - 1976)
- Наум Илиев[32]
- Никола Марковски (1883 - 1966)
- Никола Филипов (1869 - ?)[33]
- Митре Недин[34]
- поп Јанаки Марковски (? - 1912)[35]
Remove ads
Култура
Бапчорките се женска вокална група која негуваат изворна македонска музика од Бапчор. Посебно карактеристично за нивните изведби се полифоното пеење. Оваа група е формирана во 1970-те во Радиотелевизија Скопје и благодарение на нив е сочуван дел од фолклорот од егејскиот дел на Македонија.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads