Коле Манев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Коле Манев (Бапчор, Костурско, егејскиот дел на Македонија, 11 ноември 1941 - Скопје, 22 јануари 2025 [1]) — познат македонски сликар и филмски работник од областа на документаристиката, каде снимал филмови за Вардар филм и МРТ 1.[2]

Кратки факти Коле Манев, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Манев е роден на 11 ноември 1941 година во Бапчор, Егејска Македонија. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. Во 1960 година завршил прв степен на Ликовната академија во Белград, а потоа заминал на студиски престој во Париз. Оттаму заминал за Прага, каде што посетувал предавања за анимиран филм. Манев своите дела до денес ги изложил на повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, во Франција, како и во земјите од Балканот. Добитник бил на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство.

Тој има снимено и два играни филмови, по негово сценарио и режија Мост (2006) и Еко Скоп (2022).

Манев бил соработник и колумнист долги години на „Нова Македонија“. Одреден период соработувал и со порталот „Денешен весник“.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads