Народноослободителен баталјон „Стив Наумов“

From Wikipedia, the free encyclopedia

Народноослободителен баталјон „Стив Наумов“
Remove ads

Народноослободителен баталјон „Стив Наумов“ (позната и како Овчаров баталјон)— воена единицица на НОВ и ПОМ[1]. Бил формиран во околината на Лерин на 11.ХI.1943 од делови на Битолскиот НОПО „Гоце Делчев“ и Преспанско-битолскиот НОПО „Даме Груев“ и веднаш водел борби со бугарските гранични единици во Преспанско, а потоа на 4.XII.1943 преминал во Дебрца каде што ѝ се приклучил на Првата македонско-косовска НОУ бригада во походот кон Меглен како нејзин петти баталјон[1].

Thumb
Борци од баталјонот „Стив Наумов“
Кратки факти Народноослободителен баталјон „Стив Наумов“, Активна ...

При реорганизација на воените единици во јануари 1944 заедно со Бугарскиот НО баталјон „Христо Ботев“ влегол во Групата баталјони на ГШ на НОВ и ПОМ и заедно со Првата македонско-косовска НОУ бригада и Втората македонска народно-ослободителна бригада водел борби во Мрежичко и на подрачјето на Меглен, на планините Кожуф и Пајак против германските и бугарските сили, кои ја обезбедувале комуникацијата Скопје - Солун, сè до крајот на јануари 1944 година[1]. Потоа групата баталјони водела борби кај с.Конско во Гевгелиско, Мегленско и потоа зеле учество во Февруарскиот поход од 31.I. до 25 февруари 1944 година[1]. Подоцна, од крајот на февруари до крајот на август 1944, баталјонот дејствувал во составот на Третата македонска НО бригада, а потоа во составот на Седмата македонска НО ударна бригада[1].

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads