Бајрактар (село)
село во Нигритско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бајрактар или Бајрактар Маала (грчки: Φλάμπουρο, Фламбуро, до 1923 г. Μπαϊρακτάρ, Бајрактар[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во Серското Поле, јужно од Сер. Лежи во источното подножје Богданска Планина, на околу 7 км источно од Нигрита.
Историја
Во минатото селото било чифлик со колиби каде работеле претежно ромски семејства.[3]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бајрактар Маала (Bairaktar mahla) имала 42 домаќинства на 130 жители Роми и Черкези.[4]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Бајрактар Маала, чифлик на Измаил-бег; исто така крај десниот брег на Струма. Од Абдула Маала се наоѓа на И на 1 час растојание. Патот е истиот. 70 куќи ромски и 20 македонски.[5][6] | “ |
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Бајрактар имал 70 жители, сите Роми.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото (Baïraktar-Mahala) живееле 300 Роми.[8]
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 151 жител.[3] Непосредно пред Првата светска војна во Бајрактар биле доведени поголем број грчки колонисти од Тракија, поради што во 1920 г. селото веќе имало 615 жители. Во понатамошниот период Бајрактар доживеал подем, па во 1928 г. во него се попишани 745 лица.[3]
Во 1951 г. е изградена црквата „Св. Јован Претеча“.[9]
Населението продолжило да расте сè до 1970-тите, кога почнало тренд на намалување кој трае до денес.
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Јован Претеча“ од 1951 г.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads