Бенгалски календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бенгалски календар (бенгалски: বঙ্গাব্দ, букв. 'Baṅgābda') — месечево-сончев календар кој се користи во областа Бенгал на Индискиот Потконтинент, како национален во Бангладеш и како месен во Индија (сојузните држави Западен Бенгал, Трипура и Асам).
Бенгалската ера се нарекува бенгали самбат (б.с. или BS)[1] или бенгалска година (বাংলা সন бангла сон, বাংলা সাল бангла сал или бангабда)[2]. Нултата година според овој календар почнува во 593/4 г. од нашата ера според грегоријанскиот календар.
Календарот е усвоен како национален календар на Бангладеш во 1987 г., но во преработен облик[3][4]. Бенгалците во Индија го користат во традиционален облик како верски календар за хиндуистичките празници.[5]
Remove ads
Организација
Месеци
Денови
Бенгалскиот календар има седумдневна седмица како многу други календари. Деновите во седмицата се наречени според божествените небесни тела наречени наваграси (নবগ্রহ нобогрохо). Денот почнува и завршува во утрината, за разлика од грегоријанскиот, каде почнува на полноќ.
Се смета дека могулскиот цар Акбар Велики во 1584 г. вовел посебни имиња за секој ден од месецот, но ова се покажало непрактично, па неговиот внук Шах Џахан ја вовел седумдневната седмица со почеток во недела, по пример на грегоријанскиот календар.[4]
Remove ads
Традиционална наспроти преработена варијанта

Денешниот бенгалски календар во Индија се заснова на санскритскиот спис Сурја сиданта и ги користи старите имиња на месеците.[3] Има големи сличности со хиндуистичкиот календар поради заедничката вероисповед.[3]
Во Бангладеш истиот е преработен во 1966 г. од страна на одбор на чело со Мухамед Шахидула. Решено е првите пет месеци да траат 31, а остатокот по 30 дена (додавајќи му по еден ден на фалгун во престапна година).[3] Овој преработен календар е официјално усвоен од државата во 1987 г.[3][4]
Remove ads
Поврзано
- Хиндуистички календар
- Исламски календар
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads