Празник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Празник[1][2], сведен[3][4] или слава[5][6] — вид верска, национална, државна, културна или друга прослава, а понекогаш вклучува и фестивал.
Видови празници
Верски празници (благдени)
Повеќето празници се производ на верувањата и религиите. Христијанските празници се дефинирани како дел од литургиската година. Во Исламот, најголем празник е Рамазан. Источните религии (хиндуизам, џаинизам и сикизам имаат повеќе празници, а за најголем се смета Дивали, фестивалот на светлината. Во Јапонија се празнуваат празници од различни религии. Келтските и неопаганските празници се тесно поврзани со фестивалите кои се празнуваат во Шведска (каде 80% од жителите припаѓаат на лутеранската црква). Евреите имаат две празнични сезони: пролетна (Пасха) и есенска сезона. Единствено Јеховините сведоци не празнуваат никакви празници, дури ни Божик и Велигден.
Нова година
Новогодишните празници се главни во зимската сезона на прославувања речиси кај сите народи. Ова е период околу зимскиот солстициум, околу кој се врзани повеќето културни и верски прослави. Обично овој период започнува во ноември и завршува во јануари. Најчесто зимските празници имаат комерцијален карактер, а симболите кои се користат се снегулки, зимски мотиви и зимски песни.
Државни празници
Повеќето суверени држави и територии прогласуваат локални празници кои се засноваат врз значајни датуми од нивната историја, но вклучуваат и некои меѓународни празници (како денот на трудот или денот на жената). Државните празници според тоа се различни во секоја земја, и најчесто се прогласуваат за неработни денови.
Неофицијални празници
Во оваа категорија празници спаѓаат прославите кои најчесто не се запишуваат во календарите на празници, без разлика на нивното масовно прославување. Тоа се празници кои рекламираат нешто, или денови на некој историски настан кој не е официјално прославуван, и секако, тука спаѓаат и одбележувањето на „смешни“ денови, како на пример 1 април 2 февруари и слично.
Remove ads
Празникот како тема во уметноста
- „Иванденски огон“ — естонска народна приказна.[7]
- „Пред големиот празник“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[8]
- „Олкав Ивандееен“ (српски: Овилики Ивандааан) — расказ на српскиот писател Мирослав Јосиќ Вишњиќ.[9]
- „Вечерта на празничниот ден“ (италијански: La sera del dì di festa) —песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1820 година.[10]
- „Честит Први мај“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[11]
- „Празник“ — краток расказ на македонскиот писател Владимир Лукаш.[12]
- „Задушница“ — краток расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска.[13]
- „Празнична“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[14]
- „Зимските празници“ — песна на рускиот писател Борис Пастернак од 1959 година.[15]
- „Спроти Богородица“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[16]
- „Тежок празник“ — краток расказ на македонскиот писател Сашо Стефановски (под псевдонимот Џанго Помалиот).[17]
- „Празник“ — краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.[18]
- „Празник на трудот“ — песна на рускиот поет Велимир Хлебников.[19]
- „Спроти Благоец“ — песна на македонскиот поет Наум Целакоски од 1993 година.[20]
- „Вртолум“ — песна на Наум Целакоски.[21]
- „Духовден“ — песна на Наум Целакоски од 1997 година.[22]
- „Божик“ — песна на Наум Целакоски.[23]
- „Празничен ден“ — расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.[24]
- „Спроти Макавеите — од Макавејските празници“ - расказ на Живко Чинго од 1963 година.[25]
- „4 јули“ (англиски: 4th of July) - песна на американската рок-група Саундгарден (Soundgarden) од 1994 година.[26]
- „4 јули“ (англиски: 4th of July) - песна на ирската рок-група Ју Ту (U2).[27]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads