Бешик

општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Бешик
Remove ads

Бешик (грчки: Δήμος Βόλβης, Димос Волвис) — општина во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е селото Ставрос.

Повеќе информации Општина Бешик Δήμος Βόλβης, Карта на општина Бешик ...

Наречена е по месноста Бешик, со селата Мал Бешик и Голем Бешик. Во средината на општината се протега Бешичкото Езеро.

Remove ads

Населени места

Општината Бешик е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“.[1] со спојување на шест стари општини: Свети Ѓорѓи (Агиос Георгиос), Стролонгос (Мадитос), Маслар (Аретуса), Егри Буџак (Аполонија), Рендина и Егнатија (Клисели).

Напомена: Називите на општините „Свети Ѓорѓи“ и „Егнатија“ се произволно дадени називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место.

Општинска единица Егнатија

Thumb
Поранешната општина Егнатија на картата на некогашниот округ Солун.

Општинската единица Егнатија со седиште во Клисели (Профитис) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Клисели
  • Општински оддел Караџа
  • село Караџа (Ευαγγελισμός, Евангелисмос)
  • Општински оддел Чали
  • село Чали (или Чали Маало; Νυμφόπετρα, Нимфопетра)
  • село Ваисли (или Ваис Кула; Βαϊοχώρι, Ваjохори)
  • Општински оддел Сарај
  • село Сарај (Σχολάρι, Схолари)

Општинска единица Егри Буџак

Thumb
Поранешната општина Егри Буџак на картата на некогашниот округ Солун.

Општинската единица Егри Буџак со седиште во Егри Буџак ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Егри Буџак
  • Општински оддел Воренос
  • Општински оддел Гуменич
  • село Гуменич (или Ѓулменич; Στίβος, Стивос)
  • Општински оддел Лезик
  • село Лезик (Μελισσουργός, Мелисургос)
  • Општински оддел Угурли
  • село Угурли (или Урек; Περιστερώνα, Перистеронастаро)
  • село Аланли (Πλατεία, Платија)
  • село Спитаќа (Σπιτάκια) новосоздадено

На територијата на општинската единица се наоѓало и некогашното село Кизели (Παρθένιο, Партенио).

Општинска единица Маслар

Thumb
Поранешната општина Аретуса на картата на некогашниот округ Солун.

Општинската единица Маслар со седиште во Маслар (Аретуса) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Маслар
  • село Маслар (Αρέθουσα, Аретуса)
  • село Кавак (Λευκούδα, Левкуда)
  • Општински оддел Маврово
  • Општински оддел Сулeво
  • Општински оддел Стибан
  • Општински оддел Ѓувелци

Општинска единица Рендина

Thumb
Поранешната општина Рендина на картата на некогашниот округ Солун.

Општинската единица Рендина со седиште во Ставрос ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Ставрос
  • Општински оддел Горно Ставрос
  • Општински оддел Волви

Општинска единица Свети Ѓорѓи

Thumb
Поранешната општина Свети Ѓорѓи на картата на некогашниот округ Солун.

Општинската единица Свети Ѓорѓи со седиште во Аспровалта ги опфаќа следниве општински единици и населени места:

  • Општински оддел Аспровалта
  • Општински оддел Враста
  • село Нова Враста (Νέα Βρασνά, Неја Врасна)
  • село Враста (Βρασνά, Врасна)

Општинска единица Стролонгос

Thumb
Поранешната општина Стролонгос на картата на некогашниот округ Солун.

Општинската единица Стролонгос со седиште во Стролонгос (Неја Мадитос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Стролонгос
  • Општински оддел Пазаруда
  • Општински оддел Моди
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads