Чали

село во Лагадинско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Чалиmap
Remove ads

Чали или Чали Маало (грчки: Νυμφόπετρα, до 1926 Τσαλή Μαχαλά, Цали Махала[2]) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Чали Νυμφόπετρα, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 34 километри западно од Ставрос и 43 километри источно од Солун, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) во близина на Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 119 метри.

Сколари опфаќа површина од 29 квадратни километри.[3].

Историја

Отоманско Царство

Во XIX век селото било турско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители Турци и 75 Роми[4][5].

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година во селото живееле 286 жители[6]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, муслиманското население било принудено да го напушти селото, додека на негово место биле населени грчки бегалци од Анадолија.

Во 1926 година селото било преименувано во Сколари.

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 78 жители бегалци и со население од 315 луѓе[7], додека во 1940 година селото броело 352 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 572 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 889 жители, во 1971 година имало 753 жители, во 1981 година имало 790 жители, додека во 1991 година имало 832 жители[8] а во 2001 имало 779 жители[9]. Денеска, населението на селото е 609 жители според пописот од 2011 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads