Бешичка Планина

планина во Лагадинско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Бешичка Планинаmap
Remove ads

Бешичка Планина (грчки: Βόλβης Όρη, Όρη Βόλβης, Όρη Μπεσικίων; турски: Beşikdağ, Бешикдаг) — ниска планина во Лагадинско, Егејска Македонија. Сместена е северно од Бешичкото Езеро.

Thumb
Мал Бешик, Бешичкото Езеро и Бешичка Планина (десно) на гравура од 1813 г.
Кратки факти Бешичка Планина, Највисока точка ...

Планината е наречена по селата Голем Бешик и Мал Бешик, по кои а наречено и езерото. На север одвоена е од Богданска Планина и Орсова Планина со долината на пресушените Мавровско и Ланџанско Езеро.[1] Понекогаш оваа планина се смета за дел од Богданска Планина (Бешикдаг)

Езерата на јужната граница (Бешичкото и Лагадинското) се заведени во Рамсарската конвенција во 1974 г. и членки на мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1220001 и 1220009), како и прогласени за места од орнитолошка важност (032). Поширокото подрачје е национален парк под името „Лагадинско Езеро - Бешичко Езеро и Македонски Темпи“ во 2003 г. Три повеќевековни чинари во околината на селата Сарај и Пазаруда, во кои се гнездат чапји и бели штркови, се прогласени за заштитени споменици на природата.[1]

Карпите на планината се гнајсови, а има и малку амфиболити.[1]

До врвот се стасува преку селото Ѓувелци (420 м) за околу час и половина.[1]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads