Блаже Миневски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Блаже Миневски (роден 1961 год. во Гевгелија) — македонски раскажувач, романописец и драматург. Дипломирал на интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет - Скопје. Како новинар работел во повеќе весници и списанија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.[1] Моментално пишува за весникот „Денешен“.

Кратки факти Блаже Миневски, Роден(а) ...
Remove ads

Книжевно творештво

Миневски е автор на следниве дела:

  • „Солзи во очите на тате“ (раскази, 1984)
  • „Ниски вежби“ (раскази, 1988)
  • „Црниот пердув“ (роман, 1990)
  • „Заседи за белиот сон“ (раскази, 1992)
  • „Ледно око“ (раскази, 1996)
  • „Балкан за деца“ (роман, 1996)
  • „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ (роман, 1998)
  • „Сезона на глуварките“ (раскази, 2001)
  • „Приказна за третиот“ (роман, 2003)
  • „Нишан“ (роман, 2007)
  • „Црна лисица“ (роман, 2012)
  • „Ако се родат некакви чувства“ (роман, 2023)

Исто така, Миневски е автор на драмите: „Крик“, изведена во 1991 година; „Лулка“, изведена во 1992 година; „Женски прилог за ноќта“, изведена во 1993 година; „Подготовки за добра смрт“, изведена во 1994 година; „Немушт јазик“, изведена во 2000 година. Сите драми на Блаже Миневски се објавени во книгата со наслов „Бивши луѓе“ (2000).

Remove ads

Награди и признанија

Миневски е добитник на високи новинарски признанија: наградата „Крсте Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија (двапати) и двапати прва награда за репортажа на „Нова Македонија“. Исто така, тој е добитник на книжевните награди: „Рациново признание“, „Стале Попов“ (2007 и 2023[2]), „Роман на годината“ и повеќе награди за расказ.

Миневски е застапен во сите понови антологии на македонскиот расказ, а неговите дела се преведени на англиски, француски, српски, бугарски, шпански, турски и албански јазик.

Врз основа на податоците од регистрираните позајмувања на книги во 26 јавни библиотеки во Македонија, Миневски бил најчитан писател во 2013 година.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads