Блачен

село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Блаченmap
Remove ads

Блачен или Блатчен (грчки: Αχλαδιά, Ахладија; до 1927 г. Μπλάτσεν, Блацен[2]) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]

Кратки факти Блачен Αχλαδιά, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа северозападно од Драма и североисточно од Зрново,[3] близу десниот брег на Места.

Историја

Во Отоманското Царство

Во регистар од XV и почетокот на XVI век Блачен (Плачани) са води со 47 глави на домаќинства.[4] Во скратен регистар од 1530 г. село Блачане се води со муслимани: 2 домаќинства, ергени — 7; немуслимани: 58 домаќинства, ергени – 14; вдовици – 5.[5]

Во XIX век Блачен било муслиманско село во Неврокопската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Блачен (Blatchen) имал 30 домаќинства на 80 жители Турци.[6]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Блачан, лежи во еден дол меѓу Черешово и Ливадиште. Ридеста месност; нивите се по страните на ридовите. Одгледуваат и многу овци и кози. 26 куќи турски.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Блатчен (Блатченъ) живееле 200 Турци.[8]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 339 жители, а во 1920 г. попишани се 270 лица.[3]

Во 1923 г. жителите на Блачен се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти дојдени од таа земја. Во 1927 г. селото е преименувано во Ахладијас (Αχλαδιάς),[9] во превод Круша. Во 1928 година Блачен е претставен како чисто дојденско село со 125 грчки дојденци (32 семејства) од Турција.[10]

Во мај 1944 г. селото е опожарено од бугарска војска, а населението е депортирано во Бугарија.[11]

Населението се вратило, но во Граѓанската војна е повторно повлечено во полето, овојпат од грчките власти.

Селото произведува тутун и други земјоделски култури, а се занимава и со сточарство.[3]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads