Богородица (Пиринско)
село во Петричко, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Богородица — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на југоисточните падини на планината Огражден, на 20 километри северно од градот Петрич и на 20 километри југоисточно од градот Свети Врач. Климата е умерено-средоземна со летен минимум и зимски максимум на врнежите. Атарот на селото зафаќа простор од 13,517 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 490 метри.
Според пописот од 2015 година, селото има 22 жители.
Историја
Среден век
Селото Богородица има богата историја. Во околината на селото има остатоци од антички и средновековни населби.
Името на селото е поврзано со стар манастир посветен на Пресвета Богородица. Покрај тоа, во селото има остатоци од пет средновековни цркви: Света Петка, Свети Спас, Света Недела, Свети Илија и Свети Атанас.[1]
Османлиско Царство
Според легендата, денешното село се појавило во 14 - 15 век. Селото се споменува во отомански дефтер од 1570 година под името Света Богородица. Во истата година, во селото живееле 91 христијанско домаќинство.[2] Во XIX век селото Богородица било во состав на Петричка каза на Серскиот санџак. Во текот на овој период, во селото се населиле Македонци од Штипско, Велешко и други места од Македонија.[3][4]
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Богородица (Bogoroditza) имало 58 муслимани и 245 Македонци.[4][5]
Во 1884 година во селото била изградена црквата „Свети Илија“, која денес претставува културен споменик. Во црквата се наоѓаат вредни фрескописи од истата година, дело на браќата зографи Антон и Атанас, веројатно локални занаетчии.[3] Во 1891 година, Георги Стрезов напишал дека селото Богородица има 115 куќи и во него живеат 25 Турци и 90 Македонци.[4][6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 630 жители, сите Македонци.[4][7]
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 760 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Од 1951 година до 1995 година селото го носело името Сестрино.
Remove ads
Население[4][9]
![]() |
Личности
- Гуна Иванова — бугарска народна пејачка
Галерија
- Параклисот „Свети Илија“ крај село Богородица
- Крст, пронајден во темелите при изградба на новиот храм „Свети Илија“
- Крст, пронајден во темелите при изградба на новиот храм „Свети Илија“
- Храм „Света Недела“ кај село Богородица
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads