Борино

село во Општина Крушево, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Бориноmap
Remove ads

Борино — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Бохорино во XIV век (1335 г.). Се претпоставува дека доаѓа од личното име Бохор.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Поглед кон селото

Селото се наоѓа во североисточниот дел на Општина Крушево, во подножјето на Бушева Планина, а чиј атар се допира со просторот на Општина Долнени.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри, додека атарот му се простира во Прилепското Поле. Од градот Крушево е оддалечено 14 километри.[3]

Селото се наоѓа на самата граница помеѓу полето на исток и повисокото земјиште на запад. Поради тоа мештаните може да се занимаваат со сточарство и со земјоделство. Околни села се Горно Житоше, Лажани, Белушино и други. Во минатото, водата за пиење ја добивале од една бразда (Омова Бразда), додека летно време кога браздата немала вода оделе до изворот Брака, оддалечен 1.000 метри од селото.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Криви Слог, Ливада Мад (Голема Ливада), Бранајца (Браненица), Ливада Поштр (Долна Ливада), Шаждец, Фуша (Поле), Брака, Душк, Ќерамидница, Крс-Пат, Лозина Река, Лимкоа Чешма, Калуга и Виеш.[4]

Селото е издолжено во насока исток-запад. Куќите се поделени во четири маала, оддалечени по 100-200 метри. Маалата се Долно, Средно, Горно и Преку Река. Последното е најново, основано во 1920-тите години.[4]

Remove ads

Историја

Најпрвин Борино било христијанско словенско село. Постоела црква и гробишта околу нејзе, кои се наоѓале во денешното Долно Маало. До 1950-тите години на тоа место се познавале остатоци на срушениот храм и напуштените гробишта. Во првата половина на XIX век во селото се доселиле муслимански Арбанаси, поради што христијаните започнале да се иселуваат. Од христијаните останале само името на селото и некои топоними.[4]

Денешното албанско население се намножило од осум семејства по потекло од Северна Албанија, одејќи преку Дебар и Кичево. Албанците од Борино влегувале во брак не само со Албанците од околните села, туку и со Торбеши, особено со оние од Дебреште. Поради ова, Албанците говорат македонски и имаат некои словенски расни и психички одлики.[4]

Стопанство

Атарот е мал и зафаќа простор од 4,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 260,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 137,1 хектар, додека шумско земјиште нема.[3]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во селото работат продавници.[3]

По заминувањето на отоманската власт, атарот на селото започнал да се намалува. Најпрвин, Македонците од Кошино ја зазеле месноста Ќор-Пат, а потоа Торбешите од Лажани започнале да има ја присвојуваат месноста Ќерамидница. Со селото Белушино воделе спор за месноста Две Буки.[4]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Борино живееле 200 жители, сите Албанци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Албанци.[6]

Селото е средно по големина, со благ пораст на бројот на населението. Во 1961 година броело 418 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 438 жители, од кои 290 биле Албанци, 37 Турци и 111 други.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Борино живеел 441 жител, од кои 340 Албанци, 13 Турци, 86 Бошњаци и 2 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 385 жители, од кои 313 Албанци, 13 Турци, 47 Бошњаци, 1 останат и 11 лица без податоци.[8]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Борино:

Повеќе информации Година, Македонци ...

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

Борино е мешано муслиманско село. До почетокот на 1960-тите години било албанско село.[4]

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1952 година родови во селото се:

  • Албански родови:
    • Доселеници: Пуљевци (12 к.), Цуковци (7 к.) и Изеировци (4 к.), доселени се од некое место во северна Албанија; Нурединовци (11 к.), Ајруловци (8 к.) и Биљаловци (7 к.), доселени се исто така од некое место во северна Албанија; Матњан (11 к.), доселени се од областа Матија во северна Албанија; Мажевци (7 к.) и Муровци (6 к.), доселени се од северна Албанија; Давовц (5 к.), доселени се од соседното село Јакреново, подалечно потекло од северна Албанија.

Иселеништво

Од денешните албански родови има иселеници во Пресил (1 к.), Битола (1 к.), Прилеп (2 к.) и Турција (1 к.). Родот Поповц целосно се иселил во Пешталево (1 к.).[4]

По 1952 година се случиле и други иселувања на Албанци во Турција, а на нивно место се населувале санџачки Бошњаци.[4]

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, Борино било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Норово, во која покрај селото Борино, се наоѓале и селата Алданци, Житоше, Белушино и Селце. Општината Норово постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе се наоѓале селата Алданци, Белушино, Борово, Житоше и Норово.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1203 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 515 гласачи.[10] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 532 гласачи.[11]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[4]
  • Во минатото во селото постоела црква во Долно Маало.
Џамии[12]
  • Стара џамија — главна селска џамија, сместена во Долно Маало, каде е најстариот дел на селото; и
  • Нова џамија — нова селска џамија, сместена во горниот дел на селото, под основното училиште.
Езера

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads