Кошино

село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia

Кошиноmap
Remove ads

Кошино — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед во селото

Селото се наоѓа во северозападниот дел на Прилепското Поле, а на крајниот западен дел на територијата на Општина Долнени, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Крушево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 30 километри,[2] додека од општинското средиште Долнени е оддалечено 18 километри.

Кошино е старо христијанско село, кое се зачувало како такво помеѓу муслиманските села Дебреште, Лажани и Саждево. Во минатото, водата за пиење доаѓала од десет бунари. Покрај бунарите околу селото се наоѓаат изворите Марков Кладенец, Чешма и Грозданов Кладенец.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Вис, Млака, Стежје, Лозје, Каменик, Бело Камење, Кутлиште, Горна Црква, Шумјак, Градиште, Чешма, Крс, Петрова Нива, Честак, Карџова Нива, Атанаско Нива, Грозданова Нива, Преслап, Ѓуљеа Нива, Межник и Каља.[3]

Селото има збиен тип, составено од Долно и Горно Маало, кои незначително се оддалечени едно од друго.[3]

Remove ads

Историја

Југозападно од селото се наоѓа месноста Градиште, каде што мештаните ископувале ќерамиди и земјени ќупови. Оваа месноста се наоѓа во подножјето на возвишението Каља, кое припаѓа на соседното Саждево. Северно од селото на падините на Бушева Планина, исто така се наоѓа месност Каља, каде се познаваат слаби остатоци на заштитен бедем. Во близина на оваа месност Каља извира Марков Кладенец (наречен по Крале Марко). Остатоци на старини има и на месноста Млаки, близу Соколовец. Таму на простор од 500 метри квадратни се изорале ќерамиди, стари бакарни пари, земјени лопати и темели на градби. Селаните претпоставуваат дека таму имало стара населба.[3]

Во Кошино има зачувани стари македонски родови, поради што тоа е старо село. За време на отоманскиот период, мештаните имале свои куќи и малку ниви на планината, додека плодната почва во понискиот дел припаѓале на чифлиците, чии сопственици биле од соседното Лажани (Аџи Џемо, Бајрам Туре, Мите Османов) и некогашното село С’лп кај Кичево (Зек-ман Сопјанец). На овие ниви, Македонците работеле како аргати, а истите ги купиле дури по 1912 година.[3]

Thumb
Поранешната земјоделска задруга во селото

Животот на христијаните во селото бил особено тежок до 1912 година затоа што од сите страни биле опколени од муслимански села (населени со Албанци и Торбеши). Муслиманите често ги убивале кога оделе во шума, на нивите или на пат за Крушево и Прилеп. Многу штета трпеле од Торбешите во соседното Лажани.[3]

До 1912 година, исто така, Македонците најмувале Арбанаси за да ги чуваат од зулуми на другите муслимани. Долг период (30 години) селото го чувале браќата Али и Елмаз од областа Мат во Северна Албанија, кои подоцна присвоиле земја, направиле чифлиги и се населиле со семејствата во соседното Лажани.[3]

Remove ads

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 11,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 663 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 238 хектари, додека на пасиштата отпаѓаат 139 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Во селото имало земјоделска задруга и услужни објекти.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Во османлиските пописни дефтери од 1467/68 година, во Кошино имало 24 семејства и 2 неженети; во 1481/82 – 30 семејства и 3 вдовици; во 1544/45 – 49 семејства и 13 неженети; во 1568/69 – 49 семејства и 22 неженети.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кошино живееле 266 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кошино имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кошино се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7]

Во однос на населението, Кошино преминалоод средно во мало село. Така, во 1961 година селото имало 471 жител, а во 1994 година 135 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Кошино живееле 92 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 66 жители, од кои 60 Македонци, 2 Албанци, 1 останат и 3 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Кошино e село во целост населенo со Македонци од православна христијанска вероисповед.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1952 година родови во селото се:

  • Староседелски родови: Ѓулевци (7 к.), Милевци (6 к.), Стојчевци (2 к.), Костевци (16 к.), Ѓоревци (8 к.) и Веселиновци (2 к.), овие родови се староседелски;
  • Доселеници: Долгачевци (12 к.) доселени се на почетокот од XIX век од сега раселеното поречкото село Барбарос, се знае следното родословие: Цветко (жив на 48 г. во 1950-тите) Војне-Цветко-Јанкула, се доселил таткото на Јанкула; Малковци (2 к.) доселени се од соседното македонско муслиманско (торбешко) село Дебреште; Наумчевци (1 к.) доселени се од селото Селце, таму припаѓале на родот Секуловци, подалечно потекло од околината на Корча (денес во Албанија).

Иселеништво

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Родот Блажевци иселени се во Средорек. Од родот Милевци има иселеници во Крушево (две семејства), Софија (едно семејство) и во Романија (едно семејство). Од Долгачевци има иселеници во Белград. Целосно се иселиле Ќиразовци, биле доселени од селото Барбарос во Порече, а од Кошино се иселиле во селото Прибилци во Железник. Изумреле Филиповци, биле староседелци во селото. Изумреле и Саздановци, биле гранка од родот Веселиновци.[3]

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, Кошино било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Долнени, на која ѝ била додадена поранешната Општина Житоше по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Долнени.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во општина Долнени.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дебреште, во која покрај селото Кошино, се наоѓале и селата Борино, Дебреште, Дабјани, Јакреново, Крапа, Лажани, Ропотово и Саждево. Општината Дебреште постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе се наоѓале селата Дебреште, Јакреново, Крапа, Кошино и Саждево.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1474 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 63 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 63 гласачи.[16]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[3]
  • Градиште — неопределено наоѓалиште од непознат период;
  • Каља — неопределено наоѓалиште од непознат период;
  • Млаки — неопределено наоѓалиште од непознат период; и
  • Горна Црква — црква од непознат период.
Цркви[17]
Манастири
Друго
  • Дупен Камен — ритуално место[18]
Remove ads

Личности

Родени во или по потекло од Кошино
  • Ѓорѓи Кошинчето — четник во четата на Веле Марков, загинал во Ракитница во 1902 година[19]
  • Змејко Долгач — војвода на ВМОРО;

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads