Борис Чушкаров
македонски политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Борис Чушкаров (познат и како Боро Чушкар; 28 јануари 1916 во Куманово – 19 септември 1982 во Скопје) – македонски првоборец, комунистички деец, политички раководител на НОАВМ и полициски генерал-мајор.[1][2][3]
Remove ads
Животопис

Завршил учителска школа. Како студент на Филозофскиот факултет во Скопје, во демонстрациите за одбрана на Чехословачка во септември во 1938 година бил уапсен, а подоцна интерниран во Билеќа во јануари 1940 година, заедно со Душан Недељковиќ, Блажо Орландиќ и Антон Колендиќ. Во 1940 година станува член на Комунистичката партија на Југославија.
Во организирањето на народно-ослободителната борба се вклучил во 1941 година. Дејствувал на низа раководни позиции во единиците на НОВ: политички комесар на баталјон и на Третата МНОУБ, на 42 македонска дивизија и на Петнаесеттиот македонски корпус што учествувал на Сремскиот фронт.
Учесник на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето бил на разни функции во УДБ, народен пратеник, секретар на Републичкиот совет на Народното собрание на НРМ, член на Централниот одбор на СЗБ на НОВЈ и други.
Тој е еден од македонските борци кои не дозволиле сите македонски жртви и борба за ослободување да ја преземе бугарската војска, која сакала да парадира како ослободителска војска низ Скопје.[4]
„ | Знаеш ли дека ова не е царска Бугарија? Знаеш ли ти, генерале, дека се наоѓаш во Југославија? Знаеш ли ти дека војуваме против вас четири години? Да ви ја ебам мајката фашистичка! Знаеш ли ти, ѓубре едно бугарско, ако направите уште еден единствен чекор кон градот, дека ќе наредам да се пука кон вас од сите оружја и орудија што ги има во градот!? | “ |
— Обраќање на Боро Чушкар кон бугарски генерал |
Автор е на повеќе публицистички и историографски дела и остави обемни мемоари. Исто така ги напишал сценаријата за „Прилеп, вчера и денес...“.[5] и „Препородени полиња“[6]
Носител е на Партизанска споменица од 1941.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads