Бранимир Штулиќ - Џони

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бранимир Штулиќ - Џони
Remove ads

Бранимир Штулиќ - Џони (роден на 11 април 1953 во Скопје) — македонски рок-музичар, пејач, текстописец, автор на музика, основач и некогашен пејач на загрепската група Азра. Познат е по своите харизматични сценски настапи и инспиративни текстови кои често комбинираат рок-поезија и силно чувство на на социјално коментирање, што е причина за тој да стане култна фигура. Претставник на таканаречениот Нов Бран на југословенската рок-музика од периодот на залезот на 1970-тите и 1980-тите години на XX век[1]. Се смета за контроверен автор и еден од најголемите мистичари на југословенската рок сцена.

Кратки факти Бранимир Штулиќ - Џони, Животописни податоци ...

Гитара започнал да свири на во прва гоина гимназија, а во текот на 1970-тите со гитарата ги поминува загрепските забави, на кои свири

Бранимир Штулиќ - Џони извршил големо влијание на цела генерација луѓе кои пораснале со неговите ноти и стихови. Од 1986 година се преселил во Утрехт, Холандија[2], повлекувајќи се од јавниот живот, останувајќи „глув“ на разните повици да се врати на Балканот и во рок-музиката. И покрај трииполдецениската неактивност неговото музичко влијание е сѐ уште огромно. Во негова чест се одржуваат рок-настани под име Tribute to Azra. Познат е како единствен музичар на балканските простори кој објавил тројни и четворни албуми. На почетокот на 1980-тите години сам си нанел најголема штета со хиперпродукција - за само три години издал еден обичен, два дупли и еден троен албум, вкупно 8 плочи. И покрај впечатливиот музички израз, за негова најсилна доблест се сметаат стиховите.

Remove ads

Животопис

Детство

Штулиќ е роден на 11. Април 1953 година во Скопје, Македонија, каде неговата мајка Славица (род. Миловац) и татко Иван Штулиќ, кој бил офицер во Југословенската Народна Армија, живееле во тој период.[3][4] Семејството на наговиот татко е од Нин, Хрватска,[1][2][5] и припаѓа на едно од најстарите семества во градот. Неговата семејна позадина е етнички хрватска но себеси се изјаснува како „Балканец“.[1][6] На своја седумгодишна возраст, Штулиќ со семејството се селат во Јастребарско.[7] Во Јануари 1967 година, Штулиќ се преселил во Загреб, каде се запишал во средно училиште а потоа две години студирал фонетика и историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб по што се откажал.[2]

Неговиот татко, Иван Штулиќ, Србин со потекло од Нин покрај Задар[8], служел како офицер во ЈНА во тенковската единица во касарната „Маршал Тито“ во Скопје. Годину дана откако е роден Бранимир, његова мајка Славица родила и второ дете, његовата помлада сестра Бранка. Кода имал пет години, његов татко је добил преместување у Јастребарско, близу Загреб, каде целото семејство се преселило во нов стан на крајот на 1950-тите години. Бранимир продолжил да посетува настава во основното училиште во Јастребарском и бил одличан ученик.[9] Во 1960 година семејството се сели во Нови Загреб, во новоизградената населба Сигетво стан на 11. кат, каде и ден денес живее мајката на Џони. У таа населба, семејството Штулиќ се доселило, сеуште не постоело училиште, па су родителите Браними го запишале во училиште во блиското Трнско. На летување често оделе во Нин, кој Џони го смета за „прекрасно гратче и историско место.“[9] Во едно интервју има изјавено дена негов можен предок е Гргур Нински.[10]

Рана младост

Џони каkо тинејџер почнал да скита по Загрепските улици, каде на почетокот на 1960-тите се раѓа рок и хипи сцената. Детството во Скопје му го обележило неговиот говор, па поради необичниот нагласок во загрепските градски кругови многумина мислиле да је Босанец.[11] Се запишал во Шестата гимназију в Горниот град. Покрај гимназије се наоѓало рок-собиралиште Лапидариј (популарно наречено Лап), каде Џони и остаанати излегувале. Во прва година гимназија започнал да да свири акустична гитара. Првата акустична гитара му је позајмила неговата другарка Маја Оштир. Толку долго ја задржал кај себе и свирел, што кога ѝ ја враил морал да ги смени сите прагови на вратот на инструментот.[11] На крајот на 1960-тите по улиците на многу европски градови, па и во Загреб, започнале студентски немири, што влијаело и на младиот Штулиќ. Во гимназија матурирал во 1972. године со матурската работа на тема „Паришка комуна“, која е оценета со одлична оцена. Оваа матурска работа го отсликува његово занимање за социјалните теми, а напишана е непосредно по случувањата во Хрватска во 1971. година. По предметот мајчин хрватскосрпски јазик, Штулиќ имал само двојка (доволна оценка).[12]

По гимнаското школување, Штулиќ је прво отслужил воен рок во Југословенската Народна Армија. Отишол во пролетта 1973. година а се вратио 15 месеци подоцна и почнал да студира.

Студентски денови

Штулиќ студирал Филозофски факултет про Свеучилиштето во Загреб, а отсек го менувал повеќе пати (фонетика, историја, социологија). Во тоа време Штулиќ фанатично се посветил на свирење акустична гитара, акорди, текстови и компонирањето. Свирењето го преселил во подрумот на Филозофскиот факултета, каде је свирел секој ден од два до девет. На факултетo Чупко (тогаш така го викале) главном се дружел со луќе кои се интересирале за анархизам, а своите „револуционерни“ активности главно ги изведувале зад шанкот.

Во текот на 1970-тите со акустична гитара ги заобиколува загрепските забави, на кои је свирeл свои и туѓи композиции.[13] Во тоа време косата ја плетел до долга плетенка, на главата је носел еклано капче, ја изучувал мудроста на индиската филозофије и пеел главно романтична балади. Џони едно време бил вегетаријанец. Некое време је престојувал кај колегата Божо Ковачевиќ, кој студирал филозофија и социологија. Божо во собата бр. 22 во студентскиот дом на Сави како илегалци вдомувал разне млади уметници, меѓу који биле Иван Ивас, Дарко Рундек, Јура Стублиќ и други. Штулиќ ќе дојдел рано изутрина па со часови свирел во Божовата соба. Станарите не можеле да учат, разговараат, а неретко ни да заспијат од његовите свирки.[14]

Тие година Штулиќ летувал на островот Силба, каде младитe алтернативци (члeновите на Булдожер, Лајбах, Ирвин и други) го поминувале времето свирејќи и сончајќи се голи, односно практикувале нудизам. Таму свирел во летната група „Добра вода“, кој имал петнаесетина акустични гитари и свирел класика, македонски народни песни и претаботки на песни од Битлси. На тој остров ја запознал и Грација Педиќ, во која бил заљубен и на кој ѝ ја посветил познавата песна „Грација“, а ја напишал за еден дан. Таму летовала и Австријката Сузи Ф. од Виена, со која је бил во краткој но страсна врска и на кој ѝ ги посветил песните „Suzy F“ и „Хладан као лед”.[15] Инаку, Штулиќ на многу свои девојкама и пријатеки им посветувал песни, а на некои им свирел и под прозорец. И покрај тоа што хрватскатa писатеlkа Славенка Дракули' го смeтa за „одвратеним сексист, машка шовинистичка свиња“, жените кои го сакале го сметаат за најнежниот маж кој го запознале.[9]

Факултет не завршил, односно „залутаа“ некаде „измеѓу прве и четврта године“. Истуркал до шестиот семестра, но насобрал голем велики број неположени испита (затоа што тогаш полагањето на некои испити можело да се одложи до пред диплимирањето), и Џони го напушта факултетот.

Remove ads

Музичка кариера

Својата музичка кариера ја започнал со група наречена „Балкан Севдах Бенд“, изведувајќи свои авторски песни, како и преработки на народна музика и музика од Битлси.[16] Името на групата го промениле во Азра во 1977 година. Почетнио состав ги вклучувал: Јура Стублиќ, Марино Пелајиќ и Младен Јуричиќ, но наскоро се распаднале, и другите членови основале друга популарна група, Филм.[2] Во 1980-тите, Aзрa ќе стане една од највлјателните музички групи во Југославија. Времето поминато во Азра на Шутлиќ му донесе слава широкораспространета во цела Југославија, како и фанатични и посветени младински следбеници и обожаватели, Штулиќ често ја користел својата музика како коментар насочен кон политичките и општествени услови во социјалистичката Југославија.

Тој се преселил во Холандијa во 1986 година и од тогаш живее таму.[2] Од 1989 година, настапува под своето име со жива приружба во „Севдах Балкан Бенд“, и ги издал самостојните албуми: „Балканска Рапсодија“ (1989 год.) и „Балегари не вјерују среќи“ (1990 год.).[16] Кога му стануа јасно дека Југославија ќе се распадне, во 1991 година Штулиќ го снима албумот „Севдах за Паулу Хорват“ (објавен в 1995 година) и документарецот „Das ist Jоhnny“, кој содржи поглед од прозорецот на хотелската соба наЏони во Сараево, при што тој заклучува дека „наскоро сè ќе изгори“. Неговата наводна последна посета на територијата била во 1995 година во Белград, каде го издал албумот „Анали“ и ја промовирал книгата „Боќанска Илијада“.[3]

По југословенските војни, Штулиќ често го изразува своето несогласување кон сепаратизмот и е страствен верник во Југославизмот и Братството и единството. Тој коментира:„Немам пасош, ни пари ни место каде да се вратам. Имав Југословенски ама тој веќе истече, не важи. Југославија веќе ја нема; исто како да си роден и да ти рекле: ова е татко ти, ова е мајка ти, според Хомер, никој не знае, кога се родени, кој ги родил, барем првите три години. И сега јас ги немам своите родители и затоа сум среќен.“.[3] Откако повеќето Југословенски војни завршија во 1995 година, Штулиќ снимил два самостојни албуми, и обата објавени во Белград, Србија, СР Југославија, вклучуваќи го и последниот, „Blasé“, во 1997 година.[3]

Своевиден куриозитет, кој недвосмислено ја потврдува неговата големина, е правењето бисти со неговиот лик: ниту еден друг музичар, ниту уметник воопшто, не дочекал соработниците и обожавателите да му прават (ненарачани) бисти за време на животот. Неговиот култ опстојува сам од себе - култот на неговата личност сѐ уште живее, и покрај дводецениската неактивност, и покрај тоа што нема организација која би се грижела за одржување на култниот статус.

Неговата книга „Филигрански плочници“ е тема на краткиот расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[17]

Емигрантските години во Холандија ги поминува во рекреативно играње мал фудбал, и има освоено повеќе први, втори и трети места на турнири, со различни состави на соиграчи.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads