Бродска Река
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бродска Река (грчки: Διαβολόρεμα, Αγίου Ιωάννου) — река во Серско, Егејска Македонија.
Реката извира од планината Шарлија (Бродска Пл.), југозападно под врвот Буро, на неколку километри северозападно од Горно Броди, по кое е наречена. Другото име Буланика ѝ е изведено од турскиот поим bulanık („матен“), по бојата на водата[1]; сите реки и потоци во областа Мрвачко што извираат од Црна Гора и Шарлија имаат матна темна воја бидејќи влечат магнетитен песок.[2]
Тече на југ и ги прибира највеќето потоци од Броската Котлина. Продолжува на југ меѓу ридот Кутел на запад и Бабина Гора на исток. Откако ќе ја прими левата притока Углис и ќе го одмине Ѓаволскиот мост реката влегува во пропаст и пак се појавува северно од урнатините на некогашното село Лакос. Тука тече под името Светијованова Река (Агиу Јоану) бидејќи поминува крај Серскиот манастир, наречен „Свети Јован Претеча“. Излегува во Серското Поле западно од Дервешани, и веќе како регулиран канал свртува на југозапад. Источно од градот Сер повторно врти на југ. Минува западно од Ново Село, западно од Тумбишта и Вержани и се влева во Белица источно од Бејлик Маала, малку пред нејзината утока во Струма.[3]
Remove ads
Притоки
→ лева, ← десна
- ← Љасково
- → Углис
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads