Шешково

село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia

Шешковоmap
Remove ads

Шешково — мало село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Сретсело

Селото се наоѓа во југозападниот дел на територијата на Општина Кавадарци, од левата страна на Тиквешкото Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 620 метри. Сместено е на една бреговита тераса, под линијата на вториот егејски расед, во северното подножје на врвовите Голем и Мал Руен[2]. Од градот Кавадарци е оддалечено 20 километри.[3] Селото е сместено во пазувите на планината Вишешница.[4]

Атарот на селото зафаќа простор од 20 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.852 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 130 хектари.[3]

До селото води многу лош земјен пат.[4]

Remove ads

Историја

Thumb
Партизанската болница и училиште

Атарот на Шешково е населен уште од железно време, за што сведочи наоѓалиштето Градиште во неговиот југоисточен дел.

Селото Шешково е доста старо и тоа со истото име се споменува уште во средновековниот период од турските пописни дефтери од XVI век, односно од 1570 година кога тоа било чисто христијанско македонско село кое припаѓало во рамки на нахијата Тиквеш во Ќустендилскиот санџак[5]. Во ова време во селото живееле 42 македонски христијански семејства како и 37 неженети кои произведувале 60 товари пченица, 48 товари мешано жито, 2 товари уров, леќа, градинарски култури, овошје, грозје и вино, сено, се чувале и свињи и пчели во кошници и улишта, за што селото Шешково остварувало севкупен приход и давачки од 6000 акчиња[5].

Во XIX век, Шешково се наоѓало во Тиквешката каза, во Отоманското Царство, и за време на турското владеење Шешково било „одвек слободно“, а некој собирач на данок-десток „за душа“ изградил чешма надвор од селото наречена Ибраимица, инаку самото село „никој пат не било агинско[2]. Доказ за ова е што во селото не било зафатено од огромниот бран на исламизација во Тиквешијата и тоа отсекогаш било македонско православно христијанско.

Селото било познато за време на партизанските борби во НОБ. Во тоа време, во селото работела и партизанска болница, која ја основал доктор Ристо Велков, од Кавадарци, на барање на Никола Минчев, тогашен командант на Тиквешки народно-ослободителен партизански одред „Добри Даскалов“, а по војната прв македонски министер за просвета. Болницата работела во рамките на селското училиште, но и во околните куќи, каде што работел еден заробен германски лекар. Во селото била сместена и првата англиска воена мисија, а имало и радиостаница со која раководел Киро Хаџи Василев. Во текот на 1943 година почнал да излегува и „Народен глас“, весник на македонскиот народноослободителен фронт за Тиквешко, Велешко и Гевгелиско.[4]

На 22 август 1944 година во Шешково била создадена Деветтата македонска ударна бригада.

Загинати борци за време на НОБ од Шешково биле: Стојан Соколов, Петре Ѓорѓиев, Перо Мојсов, Стојан Милошев, Митре Мишков.

Remove ads

Стопанство

Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[3] Населението во последно време одгледува стока, при што чуваат околу 100 кози и 300 овци.[4]. Во минатото покрај нивите кои биле под селото, селаните имале „вареници“ за производство на вар, а во „неделници“ се одело на риболов на Црна Река каде се ловело мрена, црвенперка, крап, јагула, сом, а пред изградбата на железницата селските родови Јанчевци и Димовци, граделе „кораби“ и ги спуштале по Црна за „житарите“ во Росоман и Неготино.[2]

Население

Thumb
Куќа во селото
Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Шешково имало 350 жители, сите Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шешково имало 280 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[8]

Селото е мало, населено со македонско население и е во фаза на наполно раселување. Во 1961 година, селото имало 177 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 16 жители.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.[9]

Во 2013 година биле населени само 5 куќи, при што четири семејства одгледувале стока.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, од кои 2 Македонци и 3 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Како родови во селото се спомнуваат:

  • Староседелци: Биновци, а се делат на Вишовци, Мојсовци, Јовановци, Горневци, Јаневци, Југовци, Цветковци, Темовци и Иловци (25 к.), Пенчевци (5 к.), Кочовци (3 к.), Ордановци (4 к.), Витановци (10 к.), Јанчевци а се делат на Јакововци, Јосивовци и Илковци (8 к.)
  • Доселеници: Терзиовци-Зајковци (3 к.) избегале од Добротино во XVIII век; Милицовци (2 к.) некоја Милица од Јанџиковци од Праведник се премажила во тукашниот род Терзиовци; Димовци (2 к.) и Бошевци (3 к.) и двата рода се доселиле од Грбовец во средината на XIX век; Ѕавировци (1 к.) од Праведник кои дошле во 1909 година.[2]
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Кавадарци, на која ѝ била додадена поранешната Општина Конопиште по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кавадарци.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Дреново, во која покрај селото Шешково, се наоѓале и селата Возарци, Брушани, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш и Шивец. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Шешково, во која влегувале селата Добротино, Праведник и Шешково.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Спомен чешма на загинатите борци од Шешково
Цркви[15]
Споменици
Археолошки наоѓалишта
  • Градиште — градиште од железно, раноантичко и римско време
  • Киштино — населба и некропола од доцноантичко време
  • Манастирот — сакрален објект од средниот век
  • Тумба — населба и некропола од доцноантичко време
Remove ads

Личности

Личности починати во Шешково:

Remove ads

Редовни настани

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads