Букојчани
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Букојчани — село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во регионот Горно Кичево во подножјето на планината Буковик, оддалечено 14 километри северно од Кичево.
Историја
Според османлиски документи, во 1747 - 1748 година, жители на Букојчани воделе тужби против жителите и спахијата на селата Јагол и Строгомиште (Горно и Долно), кои завладеале со пасиштата на Букојчани.[2]
Население
Во 1873 година било забележано дека во селото има 8 домаќинства и 29 жители.[3]
Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов, кон крајот на XIX век селото било мало и во 1900 г. имало 180 жители христијани (Македонци).[4] Од другата страна пак, според бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 240 жители.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Букојчани се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]
Според податоците од 2002 година, во селото има 97 жители, од кои: 23 Македонци и 74 Албанци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, од кои 8 Македонци, 14 Албанци и 3 лица без податоци.[9]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
Родови
Букојчани е македонско село.
Родови во селото се:
- Староседелски: Вељановци (9 к.), Ридовци или Радичевци (3 к.), Сибиновци (3 к.), Марковци (1 к.), Наумовци (4 к.) и Вујовци (3 к.)
- Доселенички: Шендевци (4 к.) и Стојановци (3 к.) доселени се од Белица во Копачка.[11]
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:
Remove ads
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 823 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна деловна просторија.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 96 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ - изградена во седумдесеттите години на минатиот век, на темели од стара црква градена во 1882 година, а потоа урната. Фрескоживописот е дело на зографот Кузман Фрчкоски од Галичник, работен во периодот од 1976 - 1978 година.
Личности
- Бранко Наумоски (1951 - ) - македонски правник, омбудсман и уставен судија;[15]
- Војо Стојановски (1949 - 2014) - македонски пејач;
- Гашо Тришески - Гаги - македонски фолк пејач;[16]
- Билјан Стојановски - македонски фолк пејач;
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads