Бучиште

село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia

Бучиштеmap
Remove ads

Бучиште — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Името на селото првпат е забележано во XV век, кога биле наведени Горно и Долно Бучиште. Името може да означува „место обраснато со бука“ или пак „место каде што бучи водата“.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото со регионалниот пат 1205

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од патот Пробиштип-Штип или Кочани и од десната страна на Злетовска Река.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 330 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 9 километри.[3]

До самото село поминува регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото не е голем и зафаќа простор од 4,9 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 224,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 215,6 хектари, а на шумите само 20,3 хектари.[3]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бучиште живееле 100 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бучиште имало 104 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци, 25 до 50 Власи.[6]

Селото е мало, но со натамошно намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 247 жители, а во 1994 година 84 жители, од кои 80 жители биле Македонци, а тројца Власи.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Бучиште живееле 68 жители, од кои 65 Македонци и 3 Власи.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 34 жители, од кои 29 Македонци и 5 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Бучиште е македонско село.[13]

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

  • Доселеници: Пишичанци (15 к.), доселени се во XVIII век од селото Пишица, а таму биле доселени од Прилепско; Понковци (3 к.), доселени се во XVIII век од селото Арбасанци во Овче Поле; Врбичанци (3 к.), доселени се од селото Врбица кај Кочани; Зарапинци (3 к.), доселени се од селото Зарапинци; Питерковци (2 к.) доселени се од некогашното село Чашица; Паланчанци (2 к.), доселени се од некое село во Кривопаланечко и Мековци (1 к.), доселени се во 1931 година од селото Гајранци.
Remove ads

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Бучиште било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Бучиште, се наоѓале и селата Гајранци, Гујновци, Зарапинци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1553 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 39 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 37 гласачи.[16]

Remove ads

Личности

Родени во или по потекло од Бучиште

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads