Пишица

село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia

Пишицаmap
Remove ads

Пишица — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Куќи во селото Пишица

Селото се наоѓа на крајниот јужен дел на територијата на Општина Пробиштип, во долното сливно подрачје на Злетовска Река, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Карбинци и на Општина Чешиново-Облешево.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 320 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 15 километри.[2] Селото се наоѓа источно од падините на планината Манговица.

До селото поминува регионалниот пат 1205, при што најголемиот дел од селото се наоѓа западно од патот.

Во непосредна близина на селото се наоѓа Пишичкото Езеро, чија земјена брана напукнала по излевањето на езерските води во февруари 2013 година.[3]

Remove ads

Историја

Подрачјето на Пишица е населено уште од доцноантичкото време, за што сведочи наоѓалиштето Жгандово во неговата околина.[4]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 7,5 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 347 хектари, на пасиштата отпаѓаат 266 хектари, додека шумско земјиште нема.[2]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција. Во селото работи фабрички погон, како и продавници.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пишица живееле 200 жители, сите Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци, 25 до 50 Власи и 25 до 50 Турци.[6]

Пишица, според населеноста, преминала од средно во мало село по големина. Така, во 1961 година селото имало 401 жител, од кои 337 биле Македонци, а 62 жители се изјасниле како други (веројатно биле Власи). Во 1994 година, бројот се намалил на 204 жители, од кои 187 биле Македонци, а 17 жители Власи.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Пишица живееле 168 жители, од кои 159 Македонци и 9 Власи.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 120 жители, од кои 110 Македонци, 2 Албанци, 6 Власи, 1 Србин и 1 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Пишица е македонско-влашко село.[13]

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

Remove ads

Општествени установи

  • Основно училиште

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Пишица било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крупиште, во која покрај селото Пишица, се наоѓале и селата Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Крупиште и Уларци. Општината Крупиште постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Гуњовци, Крупиште, Новоселани, Пишица и Уларци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1552 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 114 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 117 гласачи.[16]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[4]
  • Жгандово — населба од доцноантичкото време
Цркви
  • Црква „Св. Троица“ - селска црква во изградба
Езера
Реки[17]
  • Шипча — помала река низ селото

Личности

Родени во или по потекло од Пишица
  • Хари Костов (р. 1959) — македонски стопанственик и политичар, премиер на Македонија (2004).

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads