Бјала Подласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бјала Подласка (полски: Biała Podlaska) — град кој се наоѓа во Полска, во Лублинското Војводство, со население од 58.047жители според податоци од 2005 година. Бјала Подласка е седиште на истоимениот регион.
Remove ads
Историја
Првиот историски документ каде за првпат се споменува Бјала Подласка датира од 1481 година. На почетокот Бјала Подласка припаѓала на семејството Илнич. Основачот на градот се смета дека бил Петар Јанович со прекарот „Бјали“ , кој бил хетман на Големото Војводство Литванија. Бјала Подласка во тоа време била дел од Војводство Берасце во рамките на Големото Војводство Литванија (тогаш во сојуз со Полска)[1].
Во 1569, Бјала Подласка била под управа на семејство Раѕвил. Во 1622 година, Александар Лудвик Раѕвил изградил тврдина и замок. Во 1628, Кшиштоф Вилски основал академија како регионален центар за образование во градот (од 1633 година како гранка на Јагелонскиот универзитет, тогаш наречена Краковска академија). Во тоа време исто така биле изградени и многу цркви и една болница. Периодот на просперитет завршил со Шведската инвазија во 1655 година. По овој период градот бил нападнат од Козаците, и градот значително бил разрушен но по крајот на нападите повторно успеал да биде обновен, благодарение на Михал Раѕвил, кој од 1670 година му дал градски статус и го донел првиот грб, кој го осликувал Архангел Михаил како стои над еден змеј[1].
Во 1720 година, во времето на Ана Раѕвил, започнала изградба на кула и порта, кои постојат до денес и се едни од најатрактивните остатоци од замокот и дворецот. Во XVIII век, градот и тврдината биле многупати уништени (во најголем дел како резултат на војните) и повторно изградени. Последниот наследник, Доминик Раѕвил, починал на 11 ноември 1813 во Франција, како полковник на полската армија. Палатата била срушена во 1883 година[1]

На крајот на XIX век, Бјала Подласка претставувала голем гарнизонски град на руската армија. За време на Втората Полска република, во меѓувоениот период, Бјала Подласка значително се зголемила и по број на жители и по површина. Градот бил седиште на Podlaska Wytwórnia Samolotów, фабрика за авиони. Исто така во градот се наоѓал и 34-от пешадиски полк на полските вооружени сили. Полкот, која бил формиран во 1919 година, успешно се борел во Полско-советската војна и против Германците и Советите во нивната кампања во септември 1939 година. Последниот командант на полкот, потполковник Вацлав Будревик, бил заробен од Советите и убиен во 1940 година во т.н. Катински масакр.
Втората светска војна го прекинала развојот на градот, поради нацистичките и советските репресии. Германците го окупирале градот на 13 септември 1939 година, но се повлекле на 26 септември, бидејќи според договорот градот припаднал на Советите. Сепак, на 10 октомври 1939 година, во согласност со условите на Пактот Молотов-Рибентроп, Советите заминале и градот бил зазема страна на Германците. Од тоа време, Советите веќе успеале да ја ограбат фабриката за авиони. По нападот на Германија во т.н. операција Барбароса, во градот бил формиран затворенички камп, каде советските воени заробеници биле убиени.
Еврејска историја
Првото спомнување на еврејски населби во градот датира од 1621 година кога 30 еврејски семејства добиле право за престој. До 1841 година, имало 2.200 Евреи од вкупно 3.588 жители на градот. Во 1897 година, бројот бил 6.549 од 13.090 жители, во 1931 година, Евреите биле 64,7% од вкупното население, или 6.923 од вкупно 10.697 граѓани.
Германците ја окипирале Бјала Подласка на 13 септември 1939 година за време на инвазијата на Полска. Околу 600 Евреи избегале од градот за време на советското заминување[2]. На 1 декември 1939 година бил издаден декрет според кој сите Евреи морале да носат Давидова ѕвезда. Во овој период еврејското население било преместено во гето, по кое започнала нивната депортација во Сувлаки[2]. Пренатрупаноста резултирала со епидемија на тифус во Бјала Подласка во почетокот на 1940 година, предизвикувајќи голем број на смртни случаи. Во март 1942 година, гетото имало 8.400 затвореници.[2]
Во септември 1942 година, околу 3.000 Евреи од соседните градови на Јанов и Константинов биле донесени во Бјала Подласка. Во логорот на смртта биле испратени неколку илјади еврејско население.[3].
Бјала Подласка била окупирана од страна на Црвената армија на 26 јули 1944 година. Од Холокаустот, само 300 Евреи се знае дека преживеале.
Remove ads
Географија
Градот се наоѓа во историскиот регион Полесија. Сместен е во близина на границата со Белорусија крај реките Клуковка и Кшна, леви притоки на Западен Буг.
Население

Култура и туризам
Денеска, најголеми туристички атракции на градот се наоѓаат во стариот дел на градот, како и црквите Св. Ана која била изградена во 1572 година, црквата Свети Антониј од 1672-1684, Црквата на Рождеството на Пресвета Богородица изградена во 1759 година, и историската зграда на академијата од 1628 година. Во 1924 година бил изграден музејот Подласија. Меѓу локалните уметнички галерии се издвојуваат Galeria Podlaska[4], Galeria Ulica Krzywa[5] и Bialskie Centrum Kultury.
- Главниот плоштад
- Црквата Св. Ана
- Кулата на денешниот музеј
- Архангел Михаил - споменик
- Железничка станица
Фестивали
Remove ads
Образование
Има околу десетина основни училишта во градот. Средните училишта се шест државни и едно католичко средно училиште. Во градот има и три високи образовни институции и тоа:
- Државно високо училиште „Папа Јован Павле II“
- Технички универзитет
- Универзитет за физичка култура[8]
Личности
- Јозеф Крашевски - писател
- Карол Станислав - политичар
Збратимени градови
Брест - Белорусија[9]
Ниорт - Франција
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads