Велесело

село во Општина Новаци From Wikipedia, the free encyclopedia

Велеселоmap
Remove ads

Велесело — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено во подножјето на Селечка Планина, југоисточно од Битола.

Историја

Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Велесело живееле 110 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Велесело имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Веле Село се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 18 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]

Велесело, поради иселувањето на населението, преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 131 жител, а во 1994 година 8 жители, Македонци.

Според пописот од 2002, селото брои само 4 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Велесело е македонско село.

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото:

  • Староседелци: Караџовци (4 к.), Амбаровци (1 к.), Велковци (1 к.) и Дултевци (1 к.)
  • Доселеници: Ќутевци (2 к.) потекнуваат од домазет, кој се доселил од селото Тепавци во XIX век. Таму имаат роднини, подалечно потекло од некое село во околината на Корча во Албанија; Кочовци (2 к.) и Петковци (2 к.) родовите ги основале доселеници од селото Тепавци, и нивното подалечно потекло е од околината на Корча во Албанија; Рибицовци (1 к.) доселени се од селото Полог.[12]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 172 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Брод.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Родовите Мојановци и Враговци се иселиле во селото Брод. Даскале се иселиле во Бач. Стојковци и Беџовци се иселиле во Долно Егри. Димуловци во Средно Егри. Трајковци во Орехово.[12]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads