Видобишта (Охрид)

археолошко наоѓалиште и споменик на културата во Охрид, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Видобишта (Охрид)map
Remove ads

Видобишта археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува гробница од римско време[1]. Се наоѓа во североисточното предградие на Охрид, на улицата „Марко Цепенков“ бр. 140. Откриена била случајно, во 1979 година, а систематски била истражувана во 1990 и 1993 година. Гробницата е семејна, со сводеста конструкција, со комора и преткомора, а градена е од обработени камени блокови, кршен камен и бигор, тули и варов малтер. Целиот габарит на гробницата изнесува 12 × 8 м. Внатрешноста на комората е малтерисана, а во долните делови е обработена во штукатура и украсена со ромбоидни полиња. Во комората се пронајдени вкупно 10 гробови поставени различно, а во преткомората 1 гроб поставен во правец исток-запад. Гробницата била делумно ограбена, а во преостанатите гробни целости е откриен богат археолошки материјал од злато, скапоцени камења, бронза, стакло и керамика. Одликите на теренот и случајните наоди зборуваат и за други градби во непосредната близина на овој објект: вила рустика, терми, други гробници и др. Наодите се чуваат во Заводот и музеј - Охрид.

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Галерија

Поврзано

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads