Комплекс „Св. Софија“ (Охрид)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Комплекс „Св. Софија“археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува црква , гробови утврдување од римско време, доцноантичко време ран среден век[1]. Се наоѓа на јужниот простор меѓу двата рида, близу до езерото, меѓу денешните значајни улични комуникации во стариот дел на градот: „Илинденска “ и „Самоилова “ и „Коста Абраш “. Комплексот ги подразбира археолошките остатоци во рамките на катедралната црква Св. Софија и нејзината непосредна околина од сите четири страни, вклучувајќи го главниот објект со архитектонски показатели од хронолошките фази - римска, доцноантичка и раносредновековна, и придружните објекти северно и јужно, гробни конструкции и остатоци од еден крак на охридската тврдина што е евидентиран југоисточно покрај црквата. Комплексот е истражуван археолошки во 1951 г. (Р. и М. Ќоровиќ, Љубинковиќ), 1971 г. (В. Маленко), 1984/1985 г. (М. Петровски и В. Маленко) и геомеханички е сондиран во 1985 г. (Б. Чипан и В.Маленко). Во 1948 година, во текот на конзерваторските работи на црквата, на 20 см под подот во средината на егзонартексот се откриени 18 сребрени српски динари од XIV век (Б. Алексова). Резултатите од археолошките истражувања до излегувањето на ова издание, не се објавени. Кондаков П. Н. , 1909, 242-250; Месеснел Ф., 1934, 30-36; Снегаров И., 1943, 16-23; Коцо Д., 1949, 341- 358; Алексова Б., 1955а, 20-21; Бошковиќ Ѓ., Томовски К., 1961, 76-84; Николовски А., Ќорнаков Д., Балабанов К., 1971, 175-179; Маленко В., 1980, кат. бр. 763-767, 785, 786.

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads