Комплекс „Св. Спас“ (Охрид)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Комплекс „Св. Спас“ — археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува осамен наод од римското време, старохристијанска и средновековна црква со некропола. Се наоѓа во стариот дел на градот, на просторот на јужната падина на понискиот источен рид, јужно од ул. Климентов Универзитет. Овде се откриени мермерни ара со латински натпис, остатоци од старохристијанска црква со вкопани раносредновековни гробови во источниот дел, како и остатоци од рано средновековна црква. Сондажно археолошко ископување е вршено во 1962 од страна на Народниот музеј во Охрид, поточно од археологот Васил Лахтов.[1]
Remove ads
Поврзано
- Антички театар — театар од хеленистичкото и римското време;
- Античка Фурна — осамен наод од доцноантичкото време;
- Видобишта — гробница од римското време;
- Горно Трново — населба од римското време;
- Горица — некропола од римското време и средновековна црква со некропола;
- Гумништа - Инвалидско Одморалиште — населба и некропола од римското време;
- Дебој — некропола од хеленистичкото и римското време и од средниот век и старохристијанска базилика;
- Долно Трново — населба од неолитското време;
- Козлук — населба од римското време;
- Карабегомала — храм од хеленистичкото време;
- Комплекс „Попарница“ — осамени наоди од римското време, старохристијански и рано средновековни сакрални објекти;
- Комплекс „Св. Климент“ — објекти и црква од старохристијанско време;
- Комплекс „Св. Софија“ — археолошки остатоци од римско и доцноантичко време и ран среден век;
- Комплекс „Стара Чаршија“ — некропола од железното време до раниот среден век;
- Кошишта — некропола од хеленистичкото време и раниот среден век;
- Лабино — археолошки остатоци од бронзеното време до раниот среден век;
- Охрид - Лихнид — Антички град;
- Комплекс „Св. Пантелејмон“ — старохристијански и средновековни цркви;
- Панзир — населба и некропола од доцноантичкото време и средниот век;
- Самуилова тврдина — тврдина од хеленистичкото, доцноантичкото и средниот век;
- Св. Еразмо — старохристијанска базилика и некропола;
- Енгелана — утврдена населба од раноантичкото и хеленистичкото време;
- Св. Стефан - Горица — депо на средновековни монети;
- Студенчишта — старохристијанска базилика и некропола;
- Хермелеја — населба од римското време;
- Охрид;
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads