Видолушта
село во Населичко, Егјеска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Видолушта, Видолуш или Видулуш (наречено и Виделушта или Виделуш; грчки: Δαμασκηνιά, Дамаскинија; до 1927 г. Βιντελούστι, Виделусти или Βεδυλούστι, Ведилусти[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 77 жители (2021), сочинето од погрчени Македонци.[3]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Населица, југозападно од градот Рупишта и северозападно од Лапчишта, во источните падини на планината Одре, на надморска височина од 990 м.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Видолушта било македонско село во Населичката каза. Селото се наоѓало на самата македонско-грчка етничка граница — на југ има само грчки (т.е. погрчени македонски) и влашки села.
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Видолуш имало 405 жители, сите Македонци. Според К'нчов, машкото население добро зборело грчки јазик, поради што неколку автори погрешно го воделе селото како „грчко“.[4][5]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Видолиште имало 368 Македонци под врховенство на патријаршијата.[4][6]
На почетокот на XX век во Видолушта имало комитет на ВМОРО. Во 1904 г. андартскиот капетан Георгиос Цондос убил три негови членови.[7]
Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Видолуште во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Населичката каза.[4][8]
На етничката карта на Костурското братство е обележано дека во 1912 г. Виделуш било „грчко“ село.[9]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 642 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 573.[3]
Во 1927 г. името на селото било променето во Дамаскинија (Δαμασκηνιά).[2]
Remove ads
Стопанство
Населението одгледува компири, жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[3]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 14 квадратни километри.[3] Општината Видолушта била приклучена во општината Цотил во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.
Селото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Видолушта, во кој е единствено село.
Remove ads
Општествени установи
- Полициска станица
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — изградена во 1885 г.
- Црква „Св. Илија“ — изградена во 1964 г.
- Црква „Св. Атанасиј“ — изградена во 1981 г.
Личности
Починати во Видолушта
- Христо Насков (? - 1944) — македонски револуционер, раководител на паравоената организација „Охрана“ во Костурско
Поврзано
- Витолиште — сроден топоним во Мариово
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads