Владимир Картов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Владимир Картов (1935, Смоквица, Гевгелиско - Скопје, 23 април 1989) — македонски историчар, правник и професор.[1]
Основно образование завршил во своето родно место. Во учебната 1952/53 година завршил учителска школа во Скопје. 1954 година се запишал на Вишата педагошка школа во Скопје на групата историја-географија и во 1956 година дипломирал.
Во 1958 година, Картов студирал како вонреден студент на Филозофскиот факултет во Скопје на групата историја, каде што во февруари 1960 година дипломирал. Потоа се запишал на Правниот факултет во Скопје и во април 1964 година, исто така како вонреден студент, дипломирал.
Во меѓувреме се запишал на последипломски студии на Факултетот за политички науки во Белград на групата политичка историја на XIX и XX век. Во 1971 година ја одбранил магистерската теза под наслов: „Борбата на македонскиот народ за остварување правото на самоопределување во периодот меѓу двете светски војни“ и се стекнал со звањето магистер по политички науки - насока современа политичка историја. Во октомври 1974 година ја одбранил докторската дисертација на Филозофскиот факултет во Скопје под наслов: „Културно-просветната политика на владејачките режими во Југославија спрема македонскиот народ во периодот меѓу двете светски војни“ со што стана доктор по историски науки.
Во 1975 годна, Владимир Картов е избран во звањето доцент на Правниот факултет во Скопје по предметот историја на државата и правото на народите на Југославија, а потоа-за вонреден и редовен професор на Факултетот.
Remove ads
Творештво
Картов е автор на голем број научни и стручни трудови, од кои позначајни се следните:
- Сава Михајлов - Савата, неуморен револуционер организатор и борец за самостојноста на македонското национално ослободително движење, (монографија), Скопје, 1977.
- Историја, (учебник), (соавтор), Скопје, 1975 - I издание, 1979 - II издание.
- Борбата на КПЈ за решавање на националното прашање во Југославија, (монографија), 1919-1945, Скопје, 1979.
- 14-та Македонска народноослободителна бригада, (монографија), Скопје, 1980.
- Историја на државите и правата на Југословенските народи, (учебник), Скопје, 1991.
- Организацијата на востаничката власт за време на Кресненското востание, Скопје, 1977.
- Револуционерната нормативна дејност непосредно пред и за време на Илинденското востание, Скопје, 1979.
- Востаничката нормативна и правосудна дејност за време на Кресненското востание, Скопје, 1979.
- Државноправниот статус на Македонија во програмските документи на македонската социјалистичка група до Илинденското востание, Крушево, 1980.
- Георги Димитров и борбата на македонскиот народ за остварување на правото на самоопределување, 1919-1949, Скопје: „Историја“, 1979.
- Лењинов придонес постављању и решавању националног питања за време и годинама непосредно после Октобарске револуције, Бања Лука, 1979.
- Борбата на македонскиот народ за остварување на правото на самоопределување, Скопје, 1979.
- Јосиф Јосифовски-Свештарот Ѓорче: живот и дело, „Наша книга“, Скопје, 1985 (соавтор).
За монографијата на истакнатиот македонски револуционер и близок соработник на Ѓорче Петров, односно Сава Михајлов, во 1977 година, Картов ја добил Златната плакета при Ноемвриската награда на Општина Гевгелија.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads